← 2Corinthians (8/13) → |
1. | Bе известувам, браќа, за Божјата благодат дадена на црквите во Македонија; |
2. | дека, иако во прекумерни неволи, нивната изобилна радост и длабоката беда покажаа преизобилно богатство на нивната штедрост. |
3. | Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно |
4. | и нè молеа многу да им укажеме можност да учествуваат во издршката на светиите, |
5. | и тоа, не како што се надевавме, туку првин самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, според Божјата волја. |
6. | Затоа го замоливме Тит, како што порано започна така и да го заврши меѓу вас и ова дело на благодат. |
7. | И како што изобилувате во сè, во вера, во говор, во знаење, во секаква усрдност и во љубовта спрема нас, трудете се да изобилувате и во ова дело на благодат. |
8. | Не го велам ова како заповед, туку ја испитувам искреноста на вашата љубов преку усрдноста на другите. |
9. | Зашто позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос, како, заради вас, од богат стана сиромав, за да се збогатите вие преку Неговата сиромаштија. |
10. | Со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои од минатата година почнавте не само да го правите тоа, туку и да имате желба да го правите. |
11. | А сега довршете го и тоа дело, па како што имавте готовност во настојувањето, така да имате и во довршувањето, според вашите можности. |
12. | Зашто, ако има добра волја, таа е прифатлива според она што се има, а не според она што се нема. |
13. | Бездруго, не сакам со олеснувањето на другите, да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност - |
14. | вашево сегашно изобилие да ја покрие нивната скудност, та и нивното изобилие да и послужи на вашата скудност, за да има рамноправност, |
15. | според она што е напишано: "Кој собра многу, немаше излишно, а кој собра малку, немаше скудност." |
16. | Но, Му благодарам на Бога, Кој истата грижа за вас му ја стави во срцето на Тит! |
17. | Зашто тој не само што ја прифати нашата молба, туку, бидејќи беше многу усрден, доброволно отиде кај вас. |
18. | Со него го пративме и братот кој стана познат по сите цркви заради неговата работа за Евангелието. |
19. | И не само тоа, туку црквите го одредија да патува со нас за ова дело на милосрдност, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и да ја покажеме својата подготвеност. |
20. | Со тоа сакаме да избегнеме да не ни се префрли заради овој штедар дар со кој располагаме. |
21. | Зашто, ние се грижиме за она што е чесно не само пред Господ, туку и пред луѓето. |
22. | А со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност ја испитавме повеќепати во многу работи, а кој е уште поревносен сега, заради големата доверба во вас. |
23. | Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас. А што се однесува до нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава. |
24. | И така, покажете го пред црквите доказот на вашата љубов и на нашите пофалби за вас. |
← 2Corinthians (8/13) → |