← 2Corinthians (6/13) → |
1. | А како Негови соработници ние ве молиме да не ја примате залудно Божјата благодат, |
2. | зашто Тој вели: "Bо погодно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав." Еве, сега е "погодното време", еве, сега е "денот на спасението"! |
3. | Bо ништо не даваме никакви поводи за соблазна, за да не и се приговори на нашата служба; |
4. | туку во сè се покажуваме како Божји служители: во големо трпение, во неволи, во тешкотии, во маки, |
5. | при тепања, во зандани, во немири, во напори, во бдеења, во пости; |
6. | во чистота, во знаење, во трпеливост, во љубезност, во Светиот Дух, во вистинска љубов; |
7. | во словото на вистината, во Божјата сила, со оружје на праведноста во десната и во левата рака, |
8. | во слава и во срам, при лош глас и при добар глас, сметани за измамници, а сепак чесни, |
9. | како непознати, а сепак добро познати, како на умирачка - а ете, живееме; како казнувани, но не убивани, |
10. | како тажни, но сепак секогаш радосни; како сиромашни, а збогатуваме други, како да немаме ништо, а имаме сè. |
11. | Коринќани, нашата уста ви зборува јавно, нашето срце е широко отворено. |
12. | Bам не ви е тесно заради нас, туку заради вашите срца; |
13. | ви зборувам како на деца, бидете широки и вие, за да ни возвратите на ист начин. |
14. | Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Bпрочем, што има заедничко праведноста со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? |
15. | Bо што се сложува Христос со Белијар, или што има заедничко верник со неверник? |
16. | Или какво единство има Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храмот на живиот Бог, токму како што рекол Бог: "Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ." |
17. | "Затоа, излезете од сред нив и одвојте се" - вели Господ, "не допирајте се до нечисто", и "Јас ќе ве примам. |
18. | Ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки", вели Господ Семоќниот. |
← 2Corinthians (6/13) → |