← 2Corinthians (5/13) → |
1. | Имено, знаеме дека ако се разурне нашиот земен дом што е како шатор, имаме од Бог вечна градба на небесата, која не е изградена од човечка рака. |
2. | Па затоа овде офкаме и копнееме да се облечеме во своето небесно живеалиште; |
3. | само така облечени, нема да бидеме затекнати голи. |
4. | Зашто, додека сме во овој шатор, воздивнуваме обременети, бидејќи не сакаме да бидеме необлечени, туку да бидеме облечени, та животот да го проголта она што е смртно. |
5. | А Бог нè приготви токму за ова, со тоа што ни Го даде Духот како залог. |
6. | И така, секогаш сме бодри и знаеме дека сè додека живееме во телото, далеку сме од Господ, |
7. | бидејќи живееме според вера, а не според гледање. |
8. | Бодри сме, велам, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да појдеме дома кај Господ. |
9. | Затоа и се стремине да Му угодиме Нему, било да сме дома или далеку, |
10. | зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да си го добие она што го правел во телото, било добро или лошо. |
11. | Следствено, знаејќи го стравот од Господ, ги уверуваме луѓето, додека на Бог сме Му познати, а се надевам дека сме им познати и на вашите совести. |
12. | Не ви се препорачуваме повторно, туку ви даваме повод и вие да се фалите со нас, за да имате што да им одговорите на оние што се фалат со надворешноста, а не со срцето. |
13. | Bпрочем, ако не бевме здрави ви умот, тоа е заради Бога; ако сме со здрав ум, тоа е заради вас. |
14. | Зашто, Христовата љубов нè обзема откако дојдовме до заклучокот дека штом еден умрел за сите, значи сите умреле. |
15. | А Тој умре за сите, та живите да не живеат повеќе сами за себе, туку за Оној Кој умре и воскресна за нив. |
16. | Затоа отсега ние не познаваме никого по тело; иако Христос Го познавме и по тело; сега веќе не Го познаваме како таков. |
17. | И така, ако некој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, еве сè стана ново. |
18. | А сето ова е од Бог, Кој нè измири со Себе преку Христос и ни ја даде службата на измирувањето, |
19. | имено, Бог го миреше светот со Себе во Христос, не земајќи ги предвид неговите престапи и ни го довери нам словото на измирувањето. |
20. | Значи, ние сме Христови пратеници, па Бог ве моли преку нас. Bе молиме во името на Христос, помирете се со Бог! |
21. | Оној Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев заради нас, за да станеме Божја праведност во Него. |
← 2Corinthians (5/13) → |