← 2Corinthians (2/13) → |
1. | Но во себеси решив да не доаѓам кај вас пак со жал. |
2. | Зашто, ако јас ве жалостам, тогаш кој ќе ме развеселува мене, ако не оној кого јас го ожалостувам? |
3. | И точно тоа ви го напишав, кога ќе дојдам да не бидам ожалостен од оние кои би требало да ме зарадуваат; и уверен сум во сите вас дека мојата радост ќе биде радост и на сите вас. |
4. | Зашто, ви пишував во голема мака, со тешкотија на срцето и со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете големата љубов што ја имам особено спрема вас. |
5. | Ако некој ме ожалостил, не ме ожалостил мене, туку, во извесна смисла, да не претерувам, сите вас. |
6. | На таквиот му е доста казната од мнозинството, |
7. | така што наспроти тоа, вие треба побргу да му простите и да го утешите, за да не го обземе преголема жалост. |
8. | Затоа, ве молам, повторно да покажете љубов спрема него. |
9. | Токму затоа и ви напишав, за да ве испитам дали сте послушни во сè. |
10. | А кому вие ќе му простите нешто, нему му проштавам и јас. Зашто, она што сум го простил, доколку сум простил, сум го простил заради вас пред Христос; |
11. | за да не нè искористи сатаната; бидејќи не ни се непознати неговите намери. |
12. | Кога дојдов во Троја заради Христовото Евангелие, и кога врата ми се отвори во Господ, |
13. | немав мир во својот дух, зашто не го најдов братот Тит, и затоа, откако се простив од нив, отидов во Македонија. |
14. | Но, фала Му на Бога, Кој секогаш нè води во Неговата победа во Христос, и на секое место, преку нас, го шири благиот мирис на Неговото познавање, |
15. | зашто, ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; |
16. | на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. А кој е подобен за сето ова? |
17. | Зашто, ние не го изопачуваме Божјото слово, како што мнозина го прават тоа, туку зборуваме искрено како од Бог, зборуваме во Христос пред Бог. |
← 2Corinthians (2/13) → |