← 2Corinthians (13/13) |
1. | Ова е третпат како доаѓам кај вас. "Од устата на двајца или тројца сведоци ќе биде потврдена секоја работа." |
2. | Како што ве предупредив кога бев кај вас вториот пат, така и сега ве предупредувам, кога не сум кај вас, дека тие што згрешиле пред тоа, и сите други, ако дојдам повторно, нема да ве поштедам, |
3. | штом барате доказ дали зборува во мене Христос, Кој не е немоќен спрема вас, туку е силен во вас. |
4. | Зашто, иако беше распнат во немоќ, сепак живее преку Божјата моќ. И ние исто така сме немоќни во Него, но ќе живееме преку Него од Божјата моќ спрема вас. |
5. | Испитувајте се сами себеси дали сте во верата, проверете се сами себе! Или не го знаете ова за себеси, дека Исус Христос е во вас, освен ако не сте лажни. |
6. | Но се надевам дека ќе познаете оти ние не сме лажни. |
7. | Го молиме Бога да не направите никакво зло, не за да се потврдиме ние, туку за да правите вие добро, а ние да прилегаме на лажни. |
8. | Затоа ние не можеме ништо против вистината, туку само за вистината. |
9. | Имено, се радуваме кога сме ние слаби, а вие јаки; затоа и се молиме за вашето обновување. |
10. | Затоа ви го пишувам ова, во отсуство, за да не постапам строго, кога ќе бидам кај вас, според власта што Господ ми ја даде за надградување, а не за разурнување. |
11. | На крајот, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномисленици, живејте во мир; и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас! |
12. | Поздравете се еден друг со свет целив ! Bе поздравуваат сите светии! |
13. | Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бог и заедништвото на Светиот Дух да бидат со сите вас! |
← 2Corinthians (13/13) |