← 2Chronicles (5/36) → |
1. | И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Господов. И го внесе Соломон посветеното од татка му Давида сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом. |
2. | Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите началници израилски и сите племенски кнезови и сите старешини на домовите на израилевите синови, за да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион. |
3. | И се собраа при царот сите Израилци на празникот, во седмиот месец. |
4. | И дојдоа сите старешини Израилеви. Левитите го кренаа Ковчегот; |
5. | го понесоа ковчегот и скинијата на сведоштвото и сите свети садови, што беа во скинијата, - го понесоа свсештеници и левити. |
6. | А царот Соломон и сето Израилево општество, што се беше собрало при него со страв пред Ковчегот, принесуваа жртви - овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат. |
7. | И свештениците го внесоа Ковчегот на заветот Господов на местото негово, во Свјатаја Свјатих, под криљата на херувимите. |
8. | Херувимите со раширени криља над местото на ковчегот и го покриваа Ковчегот и лостовите негови одозгора. |
9. | Лостовите се издигаа така, што дршките им се гледаа пред Свјатаја Свјатих, но не и надвор; тие се таму и ден денес. |
10. | Во Ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ склучи завет со Израилевите синови, по излегувањето нивно од Египет. |
11. | Кога свештениците излегоа од светилиштето, - зашто сите свештеници, што беа таму, се осветија, беа разлика на нивните редови, |
12. | тогаш сите певци - левити: Асаф, Еман, Идитун и синовите нивни и браката нивни, облечени во тешко платно, со кимвали, псалтири и гусли стоеја на источната страна од жрвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби. |
13. | И додека трубеа и пееја како еден, испуштајки еден глас за хвала и славословие на Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите го фалеа Господа, дека е благ, дека милоста Негова е вечна, - тогаш домот Господов се исполни со облак, |
14. | и поради облакот свештениците не можеа да стојат при служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом. |
← 2Chronicles (5/36) → |