← 2Chronicles (4/36) → |
1. | А направи и бакарен жртвеник: дваесет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок. |
2. | И направи излеано море - од едниот крај негов до другиот десет лакти - целиот круг, висок пет лакти, а наоколу при врвот - триесет лакти; |
3. | наоколу под него од сите страни имаше излеано образи воловски; на десет лакти наоколу морето го опколуваа два реда волови, излеани заедно со него. |
4. | Тоа стоеше врз дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток, а морето врз нив одозгора: заднините пак им беа свртени навнатре под морето. |
5. | Девелината му беше колку една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша; прилегаа на расцутен крин. Тоа собираше три иљади бата. |
6. | Направи и десет мијалници и постави пет десно и пет лево, за да мијат во нив - го миеја во нив приготвеното за сепалениците; а морето - за свештениците, за да се мијат во него. |
7. | Направи и десет златни светилници, какви што требаше да бидат, и ги постави во храмот - пет десно и пет лево. |
8. | Направи и десет трпези и ги постави во храмот - пет десно и пет лево; направи и сто златни чаши. |
9. | Направи уште и свештенички двор, и голем двор, и врати кон дворот, и стожерите им ги опкова со бакар. |
10. | Морето го постави на десната страна, кон југоисток. |
11. | И направи Хирам котли, лопатки, чаши, кадилници и сите жртвени садови. И ја сврши Хирам работата, што ја вршеше за царот Соломон во Божјиот дом: |
12. | два столба и два појаса околу врвовите врз столбовите и две мрежи, за да ги покриваат двата појаса околу капителите, што беа врз столбовите, |
13. | и четиристотини нарови на двете мрежи - два реда нарови за секоја мрежа, за да ги покриваат двата појаса околу врвовите врз столбовите. |
14. | Направи и подножја, направи и мијалници над подножјата; |
15. | едно море и дванаесет волови под него, |
16. | и котли и лопатки, и виљушки; целиот тој прибот Хирам му го направи на царот Соломона за домот Господов од измазнет бакар. |
17. | Царот ги излеа во глинена земја од околината на Јордан, ме у Сокхот и Саридата. |
18. | Соломон ги направи сите тие предмети во големо множество, така што не се знаеше мерката на бакарот. |
19. | Тогаш ги направи Соломон и сите други предмети за Божјиот дом: и златен жртвеник, и трпези за лебовите на предложението, |
20. | и светилници, и кандилата нивни, за да ги палат според уредбите пред Свјатаја Свјатих, - од чисто злато; |
21. | и цвекенца, и кандилца, и машички од злато, од најчисто злато, |
22. | и ножеви, и росилници, и чаши, и пепелници од најчисто злато; и храмовите порти - внатрешните порти за Свјатаја Свјатих, и храмовите порти за светилиштето - од злато. |
← 2Chronicles (4/36) → |