← 2Chronicles (34/36) → |
1. | Јосија имаше осум години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим триесет и една година. |
2. | Тој го вршеше она што беше угодно пред очите Господови, одеше по патиштата на таткото свој Давида и не скршуваше ни лево ни десно. |
3. | На осмата година од царувањето свое, бидејки уште беше момче, почна да прибегнува кон Бога на таткото свој Давида, а на дваесеттата година почна да ја чисти Јудеја и Ерусалим од идолските светилишта, од посветените дрвја и од извајаните и излеаните идоли. |
4. | Зашто пред лицето негово ги разрушија жртвениците на Вааловци и идолите, што се издигаа над нив; ги исече посветените дрвја, а извајаните и излеаните идоли ги скрши и разби во прав, растурајки ги по гробовите на оние, што им беа принесувале жртви; |
5. | коските на жреците ги изгори врз нивните жртвеници, ја исчисти Јудеја и Ерусалим. |
6. | Во градовите на Манасија, Ефрема и Симеона, дури до коленото Нефталимово, и во нивните опустошени околини, |
7. | тој ги собори жртвениците и посветените дрвја, ги разби во прав ликовите и ги скрши сите идоли по целата Израилска земја, и се врати во Ерусалим. |
8. | На осумнаесеттата година од царувањето свое, откако беше исчистена земјата и Божјиот дом, тој го испрати Сафана, синот Азалиев, Масија, градоначалникот, и Јоаха, син Јоахазов, летописец, за да го обноват домот на Господа, нивниот Бог. |
9. | Тие отидоа кај свештеникот Хелкија и го предадоа принесеното во Божјиот дом, што го беа собрале левитите, стражари при прагот, од рацете на Манасија, Ефрема, од сите други Израилци, од синовите на Јуда и на Венијамина и од жителите ерусалимски. |
10. | Го дадоа тоа во рацете на распоредниците, одредени при домот Господов, да го раздаваат на работниците, што ке работат во Господовиот дом на поправката и обновувањето на домот. |
11. | И тие им раздаваа на дрводелците и sидарите, за да купуваат делкани камења и дрвја за врски и за покривање, на зградите, кои јудејските цареви ги беа разрушиле. |
12. | Тие лу е чесно ја вршеа својата работа, а за надзорници над нив беа поставени Јат и Овадија, левити од Мерариевите синови, и Захарија и Месулам од Катовите синови, и сите левити, што умееја да свират не музички направи. |
13. | Тие беа одредени над носачите и ги надгледуваа сите работници при секоја работа: а другите левити беа и писари, и распоредници, и вратари. |
14. | Кога го вадеа среброто, што беше принесено во Господовиот дом, свештеникот Хелкија ја најде книгата на законот Господов, даден преку Мојсеевата рака. |
15. | Проговори Хелкија, па му рече на писарот Сафана: "Ја најдов книгата на Законот во домот Господов." Хелкија му ја даде книгата на Сафана. |
16. | А Сафан ја однесе книгата при царот и притоа му ја донесе на царот оваа вест: "Твоите слуги вршат се што им е таму наредено." |
17. | Го истурија среброто, што се нао аше во домот Господов, и го предадоа во рацете на одредените и во рацете на распоредниците. |
18. | Писарот Сафан му јави уште на царот и рече: "Оваа книга ми ја даде свештеникот Хелкија." И Сафан ја прочита пред царот. |
19. | Кога ги чу царот зборовите на Законот, ја раскина својата облека. |
20. | И му заповеда царот на Хелкија и на Ахикама, син Сафанов, на Авдона, син Мехеев, и на писарот Сафана и на царскиот слуга Асаија, велејки: |
21. | "Одете и прашајте Го Господа за мене, за другите во Израилот и за Јуда за зборовите на таа најдена книга, зашто голем и гневот Господов, кој пламна врз нас, затоа што татковицте наши не ги запазија Господовите зборови, за да постапуваат во се што е напишано во таа книга." |
22. | Тогаш Хелкија и оние, што беа од царот, отидоа кај пророчицата Олдама, жена на Салума, син на Текуја, син на Асра ризничарот, - а таа живееше во вториот дел на Ерусалим, - и говореа со неа за тоа. |
23. | Таа им рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев: кажете му на оној човек, што ве испратил кај мене. |
24. | ‘Вака вели Господ: ете, ке испратам зло врз ова место и врз жителите негови - сите проклетства, напишани во книгата, што ја читав пред лицето на јудејскиот цар, |
25. | поради тоа што Ме оставија и кадеа на други богови, за да Ме разгневат со сите дела на рацете свои. Затоа гневот Мој ке се разгори над ова место и нема да згасне.‘ |
26. | А на царот јудејски, кој ве испрати да Го прашате Бога, кажете му: ‘вака вели Господ, Бог Израилев, за зборовите, што си ги чул: |
27. | бидејки срцето ти омекна, и ти се смири пред Господа, откако чу, што вели Он за ова место и за жителите негови, што се смири пред Мене и ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, за тоа и Јас те чув, вели Господ. |
28. | Ете, Јас ке те приберам кај татковците твои, и ке бидеш положен со мир во гробницата своја, и очите твои нема да го видат сето она зло, што ке го испратам врз ова место и против жителите негови." И му го однесоа одговорот на царот. |
29. | Тогаш царот испрати, та ги собра сите старешини од Јудеја и Ерусалим, |
30. | па отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и жителите ерусалимски, и свештениците, и левитите, и сиот народ, од голем до мал; и им ги прочита тој гласно сите зборови од книгата на заветот, најдена во домот Господов. |
31. | Потоа царот се исправи на местото свое и склучи завет пред лицето на Господа - да Го следат Господа и да ги запазат од се срце и со сета душа заповедите Негови, откровенијата негови и законите Негови, та да ги извршат зборовите на заветот, напишани во таа книга. |
32. | И царот им заповеда на сите, што беа во Ерусалим и во земјата Венијаминова, да го потврдат тоа; и почнаа жителите ерусалимски да постапуваат според заветот на Бога, Бога на татковците свои. |
33. | И ги премавна Јосија сите гадотии од сите земји на Израилевите синови, и им заповеда на сите во земјата Израилева да Му служат на Господа, својот Бог. И во сите денови на животот негов тие не отстапуваа од Господа Бога на татковците нивни. |
← 2Chronicles (34/36) → |