← 2Chronicles (32/36) → |
1. | По таквите дела и таквата верност дојде Сенахирим, царот асирски, навлезе во Јудеја, ги опседна утврдените градови и намераваше да ги освои. |
2. | Кога виде Езекија, дека Сенахирим дошол со цел да војува против Ерусалим, |
3. | реши со кнезовите и со своите силни лу е да ги затвори сите извори на вода надвор од градот; и тие му помогнаа. |
4. | Се собра многу народ и ги затрупаа сите извори и потокот, кој течеше низ земјата, велејки: кога ке дојде асирскиот цар, да не најдат многу вода и да не се утврдува. |
5. | И се утврди Езекија, ги поправи сите срушени sидови и ги издигна до кулата, а надвор изгради друг sид, го утврди Мило во Давидовиот град и поготви многу оружје и штитови. |
6. | Постави воени началници над народот и ги собра при себе на плоштадот кај градските порти, па им говореше од срце, велејки: |
7. | "Бидете тврди и храбри, не бојте се и не плашете се од асирскиот цар и од сето множество, кое е со него, зашто со нас има повеке, отколку со него; |
8. | со него е телесна мишка а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и да се бори во битките наши." И народот се охрабри од зборовите на Езекија, царот Јудејски. |
9. | Потоа асирскиот цар Сенахирим испрати свои слуги во Ерусалим, - кога тој лично беше во Лахис, и сета негова сила со него, - до јудејскиот цар Езекија и до сите Јудејци во Ерусалим, да кажат: |
10. | "Вака вели Сенахирим, царот асирски: ‘на што се надевате и седите во Ерусалим опседнати?‘ |
11. | Зар Езекија не ве мами, за да ве предаде на смрт од глад и жед, кога ви вели: ‘Господ, Бог наш, ке не спаси од раката на асирскиот цар‘? |
12. | Зар тој Езеија ги премавна светилиштата Негови и жртвениците Негови и им рече на Јудејците и на Ерусалим: пред еден жртвеник поклонувајте се и врз него кадете! |
13. | Зар не знаете, што направив јас и татковците мои со сите земни народи? Можеа ли боговите на земните народи да ја спасат земјата своја од раката моја? |
14. | Кој од сите богови на народите, што моите татковци ги истребија, можеше да го спаси својот народ од раката моја? Kе може ли и вашиот Бог да ве спаси вас од раката моја? |
15. | А сега, нека не ве мами Езекија и да не ве заведува така; не верувајте му; ако ни еден бог ниту на еден народ и царство не беше во состојба да го спаси народот свој од раката моја и од раката на татковците мои, тогаш и вашиот Бог нема да ве спаси вас од раката моја." |
16. | И уште многу говореа слугите негови против Господа Бога и против Езекија, Неговиот слуга. |
17. | Тој напиша писмо, во кои Го хулеше Господа, Бога Израилев, и говореше против Него ваквки зборови: "Како што боговите на земните народи не ги спасија своите народи од раката моја, така и Езекиевиот Бог нема да го спаси Својот народ од раката моја." |
18. | И викаа со силен глас на јудејски јазик кон народот во Ерусалим, кој беше по sидовите, за да го заплашат и исплашат, та да го преземат градот. |
19. | И говореа за Бога на Ерусалим, како за боговите на земните народи, - дело на човечки раце. |
20. | Тогаш царот Езекија и пророкот Исаија, синот Амосов, се помолија и кренаа глас кон небото. |
21. | И Господ испрати Ангел, кој ги погуби сите јунаци, главниот начланик и началаниците на војската на асирскиот цар, и тој се врати посрамен во земјата своја. И кога дојде во домот на својот бог, таму го убија со меч излезените од бедрата негови. |
22. | Така го спаси Господ Езекија и ерусалимските жители од раката на асирскиот цар Сенахирим и од рацете на сите, и ги пазеше насекаде. |
23. | Тогаш мнозина почнаа да му донесеуваат дарови на Господа во Ерусалим и скапи работи на јудејскиот цар Езекија. И тој се издигна потоа во очите на сите народи. |
24. | Во тие дни се разболе Езекија на смрт. И Му се помоли на Господа, и Он послуша и му даде знак. |
25. | Но Езекија не Му благодари за направените му добрини, зашто срцето негово се возгордеа. Затоа гневот Божји падна врз него, врз Јудеја и Ерусалим. |
26. | Но штом Езекија се смири и гордоста во срцето негово, - тој и ерусалимските жители, - гневот Господов не падна врз нив во Езекиевите денови. |
27. | Езекија имаше многу големо богатство и слава; си направи ризници за сребро и злато и за скапоцени камења, како и за благопријатни мириси, штитови и секакви скапи садови; |
28. | и одделни простории за земни производи: жито, вино и елеј, и трла за секаков добиток и огради за стада. |
29. | Си изгради и градови. А стада од ситен и крупен добиток имаше многу, зашто Бог му беше дал многу голем имот. |
30. | Тој, пак, Езекија, го затвори горниот проток на Гионските води и го насочи удолу, западно од Давидовиот град. И во секоја своја работа Езекија беше успешен. |
31. | Само при пратениците на вавилонските цареви, што беа испратени до него да прашаат за едно чудо, што се случило на земјата, Господ го остави, за да го испита и да открие се, што му беше во срцето. |
32. | Другите дела на Езекија и неговите милости се опишани во видението на пророкот Исаија, син Амосов, и во книгата за царевите јудејски и израилски. |
33. | Почина Езекија при татковците свои, и го погребаа погоре од гробиштата на Давидовите синови, а по неговата смрт сите Јудејци и жители ерусалимски му укажаа почест. И место него цар стана синот негов Манасија. |
← 2Chronicles (32/36) → |