← 2Chronicles (30/36) → |
1. | Испрати Езекија по целата земја Израилски и Јудеја, пишуваше и писма до Ефрема и племињата на Манасија, да дојдат во домот Господов во Ерусалим, за да направат Пасха на Господа, Бога Израилев. |
2. | А во советот царот и кнезовите и целото собрание во Ерусалим решија да направат Пасха на вториот месец. |
3. | бидејки не можеа да ја направат кога и беше времето, зашто уште немаше доволен број осветени свештеници, па и народот не се беше собрал во Ерусалим. |
4. | Тоа му се допадна на царот и на целото собрание. |
5. | И решија да разгласат по цел Израил, од Вирсавија до Дан, да отидат во Ерусалим да Му направат Пасха на Господа, Бога Израилев, зашто одамна не ја беа правеле, како што е наредено. |
6. | И тргнаа брозоодци со писма од царот и од кнезовите негови по целата земја Израилска и Јудеја, и по заповед на царот велеа: "Деца Израилеви! Обрнете се кон Господа, Бога Авраамов, Исаков и Израилев, и Он ке се сврти кон оние, што се унесрекени ме у вас од раката на асирските цареви. |
7. | И не бидете како татковците ваши и браката ваши, кои постапуваа беззаконо пред Госода, Бога на татковците ваши, и Он ги предаде за истребување, како што гледате. |
8. | Сега не бидете тврдоглави како татковците ваши, покорете Му се на Господа и доа ајте во светилиштето Негово, кое Он го освети засекогаш; служете Му на Господа, нашиот Бог, и Он ке го отстрани од вас пламенот на гневот Свој. |
9. | Кога ке се обрнете кон Господа, браката ваши и децата ваши ке најдат милост кај оние, што ги заробиле, и ке се вратат во оваа земја; зашто Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обрнете кон Него." |
10. | Брзоодците одеа од град во град по земјата Ефремова и Манасиева, дури до Завулоновата, но им се смееја и се подбиваа со нив. |
11. | Но пак некои од коленото Асирово, Манасиево и Завулоново се смирија и дојдоа во Ерусалим. |
12. | А над Јудеја беше раката Божја, та им даде едно срце, за да ја исполнат заповедта на царот и кнезовите, според словото Господово. |
13. | И се собра во Ерусалим многу народ, за да го празвуваат празникот на Бесквасниците пред вториот месец: собранието беше мошне многубројно. |
14. | Па станаа и ги растурија жртвениците, што беа во Ерусалим, и се, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон, |
15. | го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот месец. Свештениците и левитите, посрамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов, |
16. | и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеја, Божји човек. Свештениците оросуваа со крв, земајки ја од рацете на левитите. |
17. | А бидејки во собранието имаше мнозина кои не беа се осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господа. |
18. | Мнозина од народот, повекето од коленото Ефремово и Манасиево, Исахарово и Завулоново, не се очистија; но и тие јадеа пасха, не според законот. |
19. | Но Езекија се помоли за нив и рече: "Благиот Господ да прости секого, кој што го расположил срцето свое да Го бара Господа Бога, Бог на татковците свои, макар и без свештено очистување." |
20. | И Господ ги послуша Езекија и му прости на народот. |
21. | Така синовите Израилеви, кои што беа во Ерусалим, го извршија празникот на Бесквасниците през седум дена со голема веселба; секој ден левитите и свештениците Го славеа Господа со свирки, нагласени за славословување на Господа. |
22. | И говореше Езекија според срцето на сите левити, кои знаеја добро да Му служат на Господа. И ја јадеа празничната жртва седум дена, принесувајки мирни жртви и славејки Го Господа, Бога на татковците свои. |
23. | И целото собрание реши да празнува други седум дена, и ги поминаа тие седум дена во веселба, |
24. | зашто Езекија, цар Јудејски, дотера за собраните иљада телиња и десет иљади ситен добиток, а велможите дотераа за собраните иљада телиња и десет иљади ситен добиток; тогаш веке се осветија мошне многу свештеници. |
25. | И се веселеа сите собрани од Јудеја, свештеници и левити, и целото собрание, надојдено од Израил, и дојденците што беа дошле од Израилската земја и кои што живееја во Јудеја. |
26. | И стана голема веселба во Ерусалим, зашто од дните на Соломона, син Давидов, цар Израилев, не се случи такво нешто во Ерусалим. |
27. | Тогаш станаа свештениците и левитите и го благословија народот; и нивниот глас беше чуен од Господа, и молитвата нивна се вознесе до небесата, во светото Негово живеалиште. |
← 2Chronicles (30/36) → |