← 2Chronicles (29/36) → |
1. | Езекија стана цар на дваесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и девет години; мајка му се викаше Авија, Захариева керка. |
2. | Тој правеше она што беше угодно пред очите Господови, токму онака како и таткото негов Давид. |
3. | Уште во првата година на царувањето свое, во првиот месец, тој ги отвори вратите на домот Господов и ги обнови; |
4. | и им заповеда на свештениците и левитите да дојдат, ги собра на источниот плоштад |
5. | и им рече: "Послушајте ме, левити! Сега осветете се, осветете го и домот на Господа, Бога на татковците ваши; исфрлете ја нечистотијата од светилиштето. |
6. | Зашто татковците наши постапуваа неугодно пред очите на Господа, нашиот Бог, Го оставија, го одвратија лицето свое од Господовото живеалиште, Му свртија грб, |
7. | ја затворија вратата на притворот, ги угаснаа светилниците, не палеа кадило и не принесуваа сепаленици во светилиштето на израилевиот Бог. |
8. | И гневот Господов беше врз Јудеја и врз Ерусалим, и Он ги предаде на презир, на опустошување и на потсмев, како што гледате со очите свои. |
9. | Ете, татковците наши паднаа под меч, а синовите наши, и керките наши, и жените наши за тоа се во плен во ту а земја досега. |
10. | И сега имам на срце да склучам завет со Господа, Бог Израилев, та да го отстрани од нас пламенот на гневот Свој. |
11. | Деца мои! Не бидете немарни, зашто Господ ве избра за да претстоите пред лицето Негово, да Му служите и да Му бидете служители и да кадите." |
12. | Тогаш станаа левитите: Махат, син Амасаев, и Јоел, син Азариев, - од синовите Каатови; и од синовите Мерариеви: Кис, син Авдиев, и Азарија, син Јехалелов; и од племето Гирсоново: Јоах, син на Зима, и Еден, син Јоахов; |
13. | и од синовите Елисафанови: Симри и Јеиел; и од синовите Асафови: Захарија и Матанија; |
14. | и од синовите Еманови; Јехиел и Симеј; и од синовите Идитунови: Семаја и Узиел. |
15. | Тие ги собраа браката свои, се осветија и отидоа по заповед на царот да го очистат домот Господов, според словото Господово. |
16. | Свештениците влегуваа внатре во домот Господов, за да го очистат, и сето нечисто, она што најдоа во храмот Господов, го изнесоа во дворот на домот Господов, а левитите го зедоа тоа да го изнесат надвор кон потокот Кедрон. |
17. | И почнаа да осветуваат на првиот ден од првиот месец, и на осмиот ден на истиот месец влегоа во притворот Господов; го осветуваа домот Господов осум дена, и на шеснаесеттиот ден од првиот месец завршија. |
18. | Тогаш дојдоа во домот при царот Езекија и рекоа: "Го исчистивме домот Господов и жртвеникот за сепаленици, и сите негови садови, и трпезата за лебовите на предложението, и сите нејзини садови; |
19. | сите садови што беше ги зафрлил царот Ахаз во текот на царувањето свое, во своето беззаконие, ги приготвивме и осветивме; ете, тие се пред Господовиот жртвеник." |
20. | Утредента рано царот Езекија стана, ги собра градските началници и отиде во домот Господов. |
21. | И дотера седум телиња, седум овни, седум јагниња и седум козли - да ги принесат како жртва за грев, за царството, за светилиштето и за Јудеја; и им заповеда на свештениците, синови Аронови, да принесат сепаленици врз Господовиот жртвеник. |
22. | И ги заклаа телците, а свештениците зедоа крв и го поросија жртвеникот; ги заклаа овните и го поросија со крв жртвеникот; ги заклаа јагнињата и го поросија со крв жртвеникот. |
23. | Ги дотераа и козлите за грев пред царот и собранието, и тие ги положија врз нив рацете свои. |
24. | Свештениците ги заклаа и го исчистија со нивната крв жртвеникот, за да се истријат гревовите на целиот Израил, зашто царот беше заповедал да се принесе сепалиница и жртва за грев за целиот Израил. |
25. | И постави левити во домот Господов со кимвали, псалтири и гусли, според наредбите на Давида и Гада, јасновидец царски, и на пророкот Натан, бидејки таа заповед беше дадена од Господа преку пророците Негови. |
26. | И застанаа левитите со Давидовите свирки и свештениците со труби. |
27. | Тогаш Езекија заповеда да принесат сепаленица врз жртвенкот. И кога почна сепаленицата, почна пеење на Господа со звуци на трубите и свирките на Давида, цар Израилев. |
28. | И целото собрание се молеше, пеачите пееја и трубите трубеа, додека не заврши сепаленицата. |
29. | А кога заврши сепаленицата, царот и сите, што беа при него, се наведнаа и се поклонија. |
30. | Царот Езекија и кнезовите им рекоа на левитите да Го слават Господа со зборовите на Давида и јасновидецот Асаф; тие славеа со радост и се наведнуваа и се поклонуваа. |
31. | Продолжи Езекија и рече: "Сега вие Му се посветивте на Господа: пристапувајте и принесувајте жртви и благодарствени принесуавања во домот Господов. И целото собрание почна да принесува жртви и благодарствени приноси, и на кого срцето му беше расположено - и сепаленици. |
32. | А бројот на сепалениците, што собранието ги донесе, изнесуваше: седумдесет волови, сто овни, двесте јагниња - сето тоа за сепаленица на Господа. |
33. | Други свештени жртви имаше: шестотини глави крупен добиток и три иљади ситен добиток. |
34. | Но свештениците беа малку и не можеа да ги одерат кожите од сите сепаленици, па им помагаа браката нивни левитите, додека се сврши работата и додека се осветија другите свештеници, зашто левитите беа поусрдни во освештението свои, отколку свештениците. |
35. | А притоа имаше многу сепаленици со масни меса од мирните жртви и со преливи врз сепаленицата. Така беше востановено служењето во домот Господов. |
36. | И се радуваше Езекуја и целиот народ, поради тоа што Бог така го расположи народот, бидејки тоа стана неочекувано. |
← 2Chronicles (29/36) → |