← 2Chronicles (27/36) → |
1. | Јоатам беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; мајка му се викаше Јеруса, Садакова керка. |
2. | Тој вршеше она што Му беше угодно пред очите на Господа, токму онака како што правеше Озија, таткото негов, само што не влегуваше во Господовиот храм, а народот се уште грешеше. |
3. | Тој ја изгради и горната врата на домот Господов и изгради многу нешто на sидот Офел; |
4. | изгради и градови во Јудејската планина, а во горите изгради дворци и кули. |
5. | Тој војуваше со царот на Амонитите и ги победи, и Амонитите му дадоа во таа година сто талатни сребро и десет иљади мери пченица и десет иљади мери јачмен. Тоа му го даваа Амонитите и во втората и третата година. |
6. | Затоа Јоатам беше толку силен, бидејки ги управуваше патиштата свои пред Господа, својот Бог. |
7. | Другите дела на Јоатама и сите негови војни и однесување се опишани во книгата на царевите израилски и јудејски. |
8. | Тој беше на дваесет и пет години кога стана цар, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим. |
9. | И почина Јоатам при татковците свои, и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Ахаз. |
← 2Chronicles (27/36) → |