← 2Chronicles (25/36) → |
1. | Амасија стана цар на дваесет и пет години и царуваше во Ерусалим дваесет и девет години; мајка му се викаша Јехоадан, од Ерусалим. |
2. | Тој вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, но не со полно срце. |
3. | Кога се зацврсти на царството, тој ги уби слугите свои, што го беа убиле царот, таткото негов. |
4. | Но децата нивни не ги погуби, бидејки е напишано во законот, во книгата Мојсеева, каде што Господ заповедал, велејки: да не биваат убивани татковците заради децата, и децата да не бидат убивани заради татковците, туку секој треба да умре заради својот престап. |
5. | Амасија ги собра Јудејците, ги нареди според племињата нивни под власта на иљадници и стотници - сите Јудејци и Венијаминовци; ги преброи од дваесет години и нагоре, и ги најде триста иљади души одбрани, кои што одат во војна и држат копје и штит. |
6. | Тој најми од Израилците уште сто иљади храбри војници за сто таланти сребро. |
7. | Но дојде при него човек Божји и рече: "Царе, нека не оди со тебе израилска војска, зашто Господ не е со Израилците, не е со никого од Ефремовите синови, |
8. | туку оди сам, врши работа, бори се храбро во војната. Инаку, ке те фрли Бог пред непријателот, зашто во Бога има сила да поткрепи и собори." |
9. | Амасија му одговори на Божјиот човек: "А што да се прави со стоте таланти, што и ги дадов на израилската војска?" Божјиот човек рече: "Господ може да ти даде повеке од тоа." |
10. | Амасија ги оддели, - војската, која беше дошла при него од земјата Ефремова, - да си одат во своето место. И тие се разгневија силно против Јудеја и се вратија во своето место многу налутени. |
11. | Амасија пак се осмели и го поведе народот свој, та отиде во Солената Долина и изби десет иљади синови Сеирови; |
12. | и десет иљади заробија живи синовите Јудини и ги одведоа на врвот од карпата, и ги турнаа оттаму и тие сите сосема се разбија. |
13. | А војската, што ја врати Амасија, за да не оди со него во војна, се растури по јудејските градови од Самарија до Ветерон, во кои уби три иљади души и собра многу плен. |
14. | Кога си дојде Амасија по поразот на Идумејците, ги пренесе боговите на Сеировите синови, ги постави кај себеси за богови и пред нив се клањаше и им кадеше. |
15. | Поради тоа се разгори гневот Господов против Амасија, и Он му испрати пророк, кој што му рече: "Зошто прибегнуваш кон боговите на тој народ, кои што не го избавија својот народ од раката твоја?" |
16. | Додека тој говореше, царот одговори: "Зар те поставив за царски советник? Престани, за да не те убијат." И пророкот престана, велејки: "Знам, дека Господ решил да те погуби, бидејки ти го направи тоа и не го слушаше мојот совет." |
17. | Се посоветува Амасија, царот јудејски, и испрати да му кажат на израилскиот цар Јоас, син на Јоахаза, Јуевов син: "Излези да се видиме лице во лице." |
18. | Тогаш израилскиот цар Јоас изпрати до јудејскиот цар Амасија да му кажат: "Трнот ливански испратил да му кажат на кедарот ливански: дај ја керката си на синот мој за жена. Но минале диви sверови ливански и го изгазиле тој трн. |
19. | Ти велиш: ете, ги избив Идумејците, - и срцето твое се возгордеа до пустославие. Седи погобро во домот свој. Зошто да се зафакаш со опасна работа? Kе паднеш ти, и Јудеја со тебе." |
20. | Но Амасија не послуша, бидјеки тоа беше од Бога, - за да ги предаде во раката на Јоаса, заради тоа што прибегна кон идумејските богови. |
21. | Излезе Јоас, царот израилски, и се видоа лице со лице, тој и Амасија, цар јудејски, во Ветсамис Јудејски. |
22. | И беа разбиени Јудејците од Израилците, и се разбегаа секој во шаторот свој. |
23. | И го улови Јоас, цар израилски, Амасија, царот јудејски, син на Јоаса, го доведе во Ерусалим и го собори ерусалимскиот sид во должина од четиристотини лакти - од Ефремовите порти до аголните порти; |
24. | го зеде сето злато и сребро и сите садови, што беа во домот Божји во Овед-Едом, и ризницата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија. |
25. | Амасија, син Јоасов, цар јудејски, живееше по смртта на израилскиот цар Јоас, Јоахавов син, петнаесет години. |
26. | Другите Амасиеви дела, прво и последно, се опишани во книгата на царевите јудејски и израилски. |
27. | Потоа, откако Амасија отстапи од Господа, направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лахис. Испратија по него во Лахис, и го убија таму. |
28. | И го донесоа на коњи, та го погребаа кај татковците негови во Јудиниот град. |
← 2Chronicles (25/36) → |