← 2Chronicles (23/36) → |
1. | Но во седмата година Јодај се охрабри и ги зеде во сојуз со себеси стоначалниците, синот Јероамов, Исмаила, синот Јоанов, Азарија, синот Овидов, Масеја, синот Адаиев, и Елисафата, син Захариев. |
2. | Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Јудеја и Израилевите старешини на татковските домови и дојдоа во Ерусалим. |
3. | И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јодај им рече: "Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови. |
4. | Еве, што ке направите: едната третина од вас, свештениците и левитите, што доа аа во сабота, нека бидат вратари при праговите, |
5. | втората третина - при царскиот дом, третата третина - при портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов. |
6. | И никој да не влегува до домот Господов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека стои на стража Господова. |
7. | И левитите нека го опколат царот од сите страни, и кој ке влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете при царот, кога влегува и кога излегува." |
8. | Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите лу е, што доа аа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените. |
9. | Свештеникот Јодај им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом; |
10. | и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната страна на храмот кај жртвеникот и при домот околу царот. |
11. | Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија венец и го прогласија за цар; го помаза Јодај и синовите негови и извика: "Да живее царот!" |
12. | Кога го чу Готолија гласот на раздвижениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господен |
13. | и виде: ете царот стои на своето возвишено место при влезот, а кај царот - кнезови и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со трубите и со свирки пеачи, вешти во славословието. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: "Заговор! заговор!" |
14. | Тогаш свештеникот Јодај ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: "Изведете ја надвор од храмот, и кој ке тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештеникот рече: не ја убивајте во домот Господов." |
15. | И и направија пат; а кога таа дојде при влезот на коњската врата на царскиот дом, ја убија таму. |
16. | Јодај склучи завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Господов. |
17. | И целиот народ отиде во Вааловото капиште та го разруши, и жртвениците негови и идолите негови ги разрушија, а Матана, Вааловиот свештеник, го убија пред жртвениците. |
18. | И им ги довери Јодај делата на Господовиот дом на свештениците и левитите и ги обнови дневните свештенички и левитски свени, како што ги беше распоредил Давид до домот Господов, да Му вознесуваат сепаленица на Господа, како што е напишано во законот Мојсеев, со радост и пеење, по Давидовата наредба. |
19. | И постави вратари при вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било. |
20. | И ги зеде стоначалниците и велможите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Господов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол. |
21. | И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се смири. А Готолија ја убија со меч. |
← 2Chronicles (23/36) → |