← 2Chronicles (21/36) → |
1. | И почина Јосафат при татковците свои и беше погребан со татковците свои во Давидовиот град. Место него цар стана синот негов Јорам. |
2. | Неговите брака, синови Јосафатови беа: Азарија, Јехиил, Захарија, Михаил и Сафатија; сите тие беа синови на Израилевиот цар Јосафат. |
3. | Нивниот татко им даде големи подароци во сребро, злато и скапоцености, заедно со утврдените градови во Јудеја, а царството му го предаде на Јорама, бидејки тој беше првороден. |
4. | Јорам стапи на татковиот престол, се утврди и ги уби со меч сите свои брака, а исто така и некои Израилеви кнезови; |
5. | Јорам беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим осум години; |
6. | тој одеше по патот на израилските цареви, како што постапуваше домот Ахавов, зашто Ахавовата керка му беше жена, - и го вршеше, она што беше неугодно пред очите Господови. |
7. | Но Господ, пак, не сакаше да го погуби домот Давидов поради заветот, што го беше склучил со Давида, и поради тоа што беше ветил да му даде светилник нему и на синовите негови за сите времиња. |
8. | Во неговите дни Едом се одметна од власта Јудина и си постави цар. |
9. | Затоа Јорам тргна со своите војводи, и со сите коли свои; и станувајки ноке, го порази Едома, кого го беа опколиле, и началниците на колите и народот избега во живеалиштата свои. |
10. | Но сепак Едом се одвои од власта на Јуда и до денес. Во исто време се одметна и Ливна од власта негова, зашто го беше оставил Господа Бога на татковците свои. |
11. | Исто така и идолски светилишта направи по горите јудејски, ги воведе во блудство ерусалимските жители и ја соблазни Јудеја. |
12. | И му дојде писмо од пророкот Илија, во кое се велеше: "Вака говори Господ, Бог на татка ти Давида: ‘затоа што не тргна по патиштата на татка си Јосафата и по патиштата на Аса, царот јудејски, |
13. | туку појде по патот на израилските цареви и ги воведе во блудство Јудеја и ерусалимските жители, како што го воведуваше во блудство домот Ахавов, па уште и браката свои, домот на татка си, кои беа подобри од тебе, ти ги умртви. |
14. | Затоа, еве, Господ ке го порази со голем пораз твојот народ и синовите твои, и жените твои, и целиот имот твој, |
15. | а, пак, тебе, со лута болест, со болеста на цревата, така што од болеста ке па аат делови од утробата од ден на ден.‘" |
16. | И го подигна Господ против Јорама духот на Филистејците и Арапите, соседи на Етиопјаните; |
17. | и тие се кренаа против Јудеја, навлегоа во неа и го ограбија сиот имот, што беше во домот на царот, а исто така и синовите негови, и жените негови, та не му остана друг син, освен Охозија, најмалиот од синовите негови. |
18. | По сето тоа Господ ги порази цревата негови со болест неизлечива. |
19. | Така одеше одден наден, а кон крајот на втората година му паднаа цревата од болеста негова и тој умре во страшни маки; и народот не запали за него благопријатни мириси како што правеше за татковците негови; |
20. | тој беше на триесет и две години, кога стана цар, царуваше во Ерусалим осум години, и отиде неоплакан; го погребаа во Двидовиот град, но не во царските гробници. |
← 2Chronicles (21/36) → |