← 2Chronicles (20/36) → |
1. | Потоа Моавците и Амонитите, а со нив и некои од земјата Моавска, појдоа во војна против Јосафата. |
2. | Дојдоа и му јавија на Јосафата, велејки: "Против тебе доа а големо множесто народ од преку море, од Сирија, и веке се во Асасан-Тамар, односно во Енгеди. |
3. | Јосафат се уплаши и го сврти лицето свое и Го побара Господа и објави пост во цела Јудеја. |
4. | Се собраа Јудејци да молат за помош од Господа; дојдоа да Го молат Господа од сите Јудини градови. |
5. | И застана Јосафат во собранието на Јудејците и на Ерусалимците во Домот Господов, пред новиот трем, |
6. | и рече: "Господи, Боже на татковците наши! Не си ли Ти Бог на небото? Ти владееш над сите царства на народите; и во Твојата рака е силата и цврстината, и никој не може да устои спроти Тебе! |
7. | Не ли Ти, Боже наш, ги истера жителите на оваа земја, пред лицето на Твојот народ Израилот и му ја даде засекогаш на семето од Авраама, Твојот возљубен? |
8. | Тие се населија во неа и Ти изградија во неа светилиште во Твое име, велејки: |
9. | ‘ако дојде врз нас невоља: меч-погубен, или помор, или глад, ке застанеме пред овој дом и пред Твоето лице, зашто името Твое е во тој дом; и во маките свои ке повикаме кон Тебе, и ти ке не чуеш и ке не избавиш.‘ |
10. | И сега, еве, Амонитите и Моавците и жителите на гората Сеир, преку чии земји не дозволи да преминат Израилците, кога доа аа од Египетската земја, па затоа тие ги одминаа и не ги сотреа. |
11. | А, еве, тие ни вракаат сега со тоа, што дошле да не истераат од Твоето наследствено владение, што си ни го дал. |
12. | Боже наш! Суди им Ти. Зашто ние немаме сила против тоа големо множество, што не нападнало и не знаеме, што да правиме; но очите ни се кон Тебе." |
13. | Сите Јудејци стоеја пред лицето Господово, и нивните мали деца, жените нивни и синовите нивни. |
14. | Тогаш Духот Господов слезе среде собранието врз Јозиила, синот на Захарија, син Ванев, син Јеилов, син Матаниев, Левит од Асафовите синови. |
15. | и рече: "Чујте сите Јудејци и жители ерусалимски, и ти, цару Јосафате! Вака ви вели Господ ваш: ‘Не плашете се и не стравувајте од тоа големо множество, зашто војната не е ваша, туку Божја. |
16. | Излезете утре против нив: ете, тие ке се искачуваат по ридот Асис, вие ке ги најдете на крајот на долината, спрема пустињата Јеруил.‘ |
17. | Овој пат нема вие да се борите: застанете, стојте и гледајте го спасението од Господа, што ви се испрака. Јудо и Ерусалиме, не плашете се и не стравувајте! Излезете утре против нив, и Господ ке биде со вас." |
18. | Јосафат се поклони со лицето до земја, и сите Јудејци и жители ерусалимски паднаа пред Господа, за да Му се поклонат. |
19. | А левитите од синовите Катови и од синовите Корееви почнаа да Го слават Господа, Бога Израилев, со многу висок глас. |
20. | Утредента станаа рано и тргнаа кон Текојската пустиња, и кога тргнаа, застана Јосафат и рече: "Чујте ме, Јудејци и жители ерусалимски! Верувајте Му на Господа, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ке имате успех." |
21. | Потоа се посоветува со народот и постави певци пред Господа, тие со своето благолепие, одејки пред војската, да ја слават светоста и да велат: "Фалете Го Господа, зашто милоста Негова е засекогаш!" |
22. | И кога почнаа да воскликнуваат и да славословат, Господ предизвика несогласност ме у Амонитите, Моавците и жителите на гората Сеир, што ја беа нападнале Јудеја, и тие беа разбиени: |
23. | зашто Амонитите и Моавците се кренаа против жителите на гората Сеир, и ги биеја и ги истребуваа, а кога завршија со жителите на Сеир, почнаа да се истребуваат едни со други. |
24. | И кога Јудејците дојдоа на ридот при пустињата и го видоа она множесто, а таму - трупови, испружени по земјата, и никој не се беше спасил. |
25. | Дојде Јосафат и народот негов да собираат плен, најдоа кај нив прилично многу и богатство, и облека и скапоцени работи, и собраа толку, што не можеа да носат. Три дни собираа плен - толку многу голем беше тој! |
26. | А на четвртиот ден се собраа во долината на благословението, бидејки таму Го благословија Господа. Затоа тоа место се вика Долина на благословението и до денес. |
27. | Тогаш сите Јудејци и ерусалимците, на чело со Јосафата, тргнаа да се вратат во Ерусалим радосно, зашто Господ им даде победа над непријателите нивни. |
28. | И дојдоа во Ерусалим со псалтири, гусли и труби пред домот Господов. |
29. | И страв Божји нападна врз сите царства земни, кога слушнаа, дека Сам Господ војувал против непријателите на Израилот. |
30. | И царството Јосафатово се успокои; Господ му даде мир од сите страни. |
31. | Така царуваше Јосафат над Јудеја. Кога стана цар, беше на триесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, керка Салиева. |
32. | Тој одеше по патот на татка си Аса и не се отстрани од него, вршејки го она што е угодно пред очите на Господа. |
33. | Само идолските светилишта уште не беа разрушени, народот се уште не го беше свртел срцето свое кон Бога на татковците свои. |
34. | Другите дела Јосафатови, први и последни, опишани се во записите на Јуја, синот Ананиев, кои се внесени во книгата на израилските цареви. |
35. | Но потоа Јосафат, царот јудејски, се здружи со Охозија, цар израилски, кој постапуваше беззаконо; |
36. | се поврза со него, за да градат кораби, што ке ги испракаат во Тарсис; а изградија и кораби во Гасион-Гавер. |
37. | Тогаш Елиезер, синот Додиев од Мариса, пророкува за Јосафата и рече: "Бидејки си се здружил со Охозија, Господ ке го разруши твоето дело". И корабите се разбија и не можеа да одат во Тарсис. |
← 2Chronicles (20/36) → |