← 2Chronicles (2/36) → |
1. | Соломон потоа науми да изгради дом на името Господово и царски дом за себеси. |
2. | И собра Соломон седумдесет иљади носачи и осумдесет иљади каменоделци во горите и надгледници над нив - три иљади и шестотини. |
3. | Па испрати Соломон да му кажат на тирскиот цар Хирама: "Како што правеше со татка ми Давида и му испракаше кедар, за да си изгради дом за живеење, така направи и со мене. |
4. | Еве, јас градам дом на името Господово, мојот Бог, да го посветам Нему, за да се кади пред Него миризливо кадиво, да се поставуваат постојано лебови на предложението и да се принесува таму сепалненици наутро и навечер, и во саботите, новомесечијата и празниците на Господа, нашиот Бог, што му е заповедано засекогаш на Израилот. |
5. | Домот, што го градам, е голем, зашто голем е нашиот Бог, погоре е од сите богови. |
6. | Та кој може Нему да Му изгради дом, кога небото и небесата на небесата не можат да ја соберат Неговата слава? И кој сум јас, па да можам да Му изградам дом, освен за кадење пред лицето Негово? |
7. | Па така, испрати ми сега човек, што знае да прави изработки од злато, од сребро, од бакар и од железо и од пурпурна, црвена и сина пре а, и кој знае да реже за да работи заедно со уметниците, какви што има во Јудеја и во Ерусалим, а коишто ги приготви татко ми Давид. |
8. | И испрати ми кедрови дрва и кипарис и невгово дрво од Ливан, зашто знам, дека твоите слуги умеат да сечат ливански дрвја. Е ете, моите слуги ке одат со твоите слуги, |
9. | за да ми подготват многу дрва, зашто домот, што го градам, е голем и величествен. |
10. | А на дрводелците, твоите слуги, што ке ги сечат дрвјата, ке им дадам за храна: дваесет иљади мери пченица и дваесет иљади мери јачмен, дваесет иљади мери вино и дваесет иљади мери елеј." |
11. | И Хирам, царот тирски, одговори со писмо, кое му го испрати на Соломона: "Затоа што го засака Својот народ, Господ те постави за цар над него." |
12. | И уште рече Хирам: "Благословен Господ, Бог Израилев, Кој го создал небото и земјата и му дал на Давида син мудар, учен и разумен, кој се готви да Му гради дом на Господа и дом царски за себеси. |
13. | Па така, ти испракам човек, надарен со знаења, слугата мој Хирама, |
14. | син на жена од Давидовите керки, а татко му е Тирец; тој знае да прави изработки од злато и од сребро, од бакар и од железо, од камен и од дрво, од пурпурна и сина пре а, од висон и од багреница и да реже секаква резба и да прави се, што ке му биде порачано, заедно со твоите уметници и со уметници на мојот господар Давида, твојот татко. |
15. | А пчницата и јачмнаот, елејот и виното, што ги ветуваш, испрати ги, господаре мој, на своите слуги. |
16. | Ние, пак, ке насечеме дрва од Ливан колку што треба, и ке ги донесеме на скели по морето во Јафа, и ти ке ги пренесеш во Ерусалим." |
17. | И ги собра Соломон сите придојдени, што беа тогаш во Израилската земја, според пописот што го беше направил татко му Давид, - и излегоа сто и педесет и три иљади и шестотини. |
18. | Од нив Соломон определи седумдесет иљади за носачи, осумдесет иљади за каменоделци во горите и три иљади и шестотини за надгледници, за да настојуваат народот за работи. |
← 2Chronicles (2/36) → |