← 2Chronicles (19/36) → |
1. | Кога Јосафат, царот јудејски, се вракаше со мир во домот свој во Ерусалим, |
2. | излезе да го пресретни јановидецот Јуј, син Ананиев, и му рече на царот Јосафата: "Требаше ли да му помагаш на безбожникот и да ги сакаш оние, што Го мразат Господа? Затоа гневот Господов падна врз тебе. |
3. | Но добро се најде во тебе, зашто ти ги истреби идолите во земјата Јудејска и го расположи срцето свое за да Го побараш Бога." |
4. | Јосафат живееше во Ерусалим. И пак почна да го обиколува народот свој од Вирсавија до Ефремовата гора, и ги поврати кон Господа, Бога на татковците нивни. |
5. | И постави судии во земјата по сите утврдени градови на Јудеја, во секој град, |
6. | па им рече на судиите: "Внимавајте што правите; вие вршите не суд човечки, туку суд Господов; во судската работа Бог е со вас. |
7. | Затоа стравот Господов нека биде врз вас: работете внимателно, зашто кај Господа, нашиот Бог, нема неправда, ни лицемерие, ниту примање дарови." |
8. | Јосафат и во Ерусалим постави некои левити и свештеници и старешини на домовите татковци во Израилот - за суд Господов и за тужби. И се вратија во Ерусалим. |
9. | Тогаш им заповеда, велејки: "Така работете со страв Господов, со верност и со чисто срце: |
10. | при секоја расправија, каква што ке дојде кај вас од браката ваши, што живеат по градовите свои, било за крвнина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господа, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браката ваши: така работете, и нема да згрешите." |
11. | И ете, првосвештеникот Амарија е над вас за секоја Господова работа, а Завадија, синот Измаилов, кнез на Јудиниот дом, - за секоја царска работа, а и книжниците и левитите се пред вас. Бидете црвсти и работете, и Господ ке биде со добриот." |
← 2Chronicles (19/36) → |