← 2Chronicles (18/36) → |
1. | Јосафат имаше големо богатство и слава, па се сроди со Ахава. |
2. | По неколку години отиде при Ахава во Самарија; и закла Ахав многу добиток, ситен и крупен, за него и за лу ето со него и го убедуваше да се кренат притив Рамот Галадски. |
3. | И му рече Ахав, царот израилски, на Јосафата, царот јудејски: "Kе дојдеш ли со мене во Рамот Галадски?" Тој му одговори: "Како што ке одиш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ; ке дојдам со тебе во војна!" |
4. | Уште му рече Јосафат на царот израилски: "Прашај уште денес што ке рече Господ." |
5. | Израилскиот цар собра четиристотини души пророци и им рече: "Да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или ке мируваме?" Тие одговорија: "Оди, и Господ ке го предаде во раката на царот." |
6. | Јосафат праша: "Нема ли тука уште некој пророк Господов, да го прашаме и него?" |
7. | Му одговори царот израилски на Јосафата: "Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас него не го сакам, зашто тој не пророкоува добро за мене, туку секогаш пророкува лошто; тој е Михеј, син Јемлиев." Јосафат му рече: "Не зборувај така, цару!" |
8. | Царот израилски повика еден дворјанин и рече: "Оди поскоро да го повикаш Михеја, синот Јемлиев!" |
9. | А царот израилски Ахав и Јосафат, царот јудејски, седеа секој на престолот свој, облечени во царска облека, седеа на плоштадот пред Самариските порти, и сите пророкуваа пред нив. |
10. | Седекија, синот Хананов, си беше направил железни рогови и рече: "Вака вели Господ: ‘со нив ке ги избодеш Сиријците, додека не ги истребиш.‘" |
11. | И сите пророци го пророкуваа истото, велејки: "Оди против Рамот Галадски, ке имаш успех, и Господ ке го предаде во раката на царот." |
12. | Испратениот, што отиде да го повика Михеја, му рече: "Ене, пророците едногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде таков, како на секого од нив: изречи и ти добро." |
13. | Михеј одговори и рече: "Жив Господ! Она што ке ми каже Господ, тоа ке го изречам." |
14. | Кога дојде при царот, а царот му рече: "Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или да се воздржиме?" Тој одговори: "Одете, ке имате успех; тие ке бидат предадени во рацете ваши." |
15. | Царот му рече: "Колку пати ке те заколнувам да не ми говориш ништо, освен вистината во името Господово?" |
16. | Тогаш Михеј рече: "Ги видов сите синови на Израилот, распрснати по горите како овци без пастир, - и Господ рече: ‘тие немаат водач, секој нека се врати со мир во домот свој!‘" |
17. | Царот израилски му рече на Јосафата: "Не ли ти реков, дека тој не ми пророкува добро, туку само лошо?" |
18. | Михеј пак рече: "Тогаш чујте го зборот Господов: Го видов Господа, седнат на Својот престол, а сета војска небеска стоеше десно и лево од Него. |
19. | И рече Господ: ‘Кој ке го измами Ахава, израилскиот цар, да оди и да загине во Рамот Галадски?‘ И еден велеше вака, друг велеше инаку. |
20. | Истапи еден дух, застана пред лицето на Господа и рече: ‘Јас ке го измамам.‘ А Господ праша: ‘со што?‘ |
21. | Тој одговори: ‘Kе излезам и ке станам дух на лагата во устата на сите пророци негови.‘ И рече Он: ‘Ти ке го подмамиш и ке успееш; оди и направи така.‘" |
22. | И сега, ете, Господ допушти да влезе духот на лагата во устата на тие твои пророци, но Господ рече не е добро за тебе." |
23. | Тогаш пристапи Седекија, син на Ханана, па го плесна Михема и рече: "По кој пат премина од мене Духот Господов, за да говори во тебе?" |
24. | А Михеј рече: "Ете, ке го видиш тоа во оној ден, кога ке бегаш од соба во соба, за да се сокриеш." |
25. | Тогаш израилскиот цар рече: "Земете го Михеја и одведете го при градоначланикот Емира и при кнезот Јоаса, царевиот син, |
26. | и речете, вака вели царот: ‘затворете го овој во темница и хранете го скудно со леб и вода, додека да се вратам со мир.‘" |
27. | А Михеј рече: "Ако се вратиш со мир, тогаш не говорел Господ со мене." И пак рече: "Чујте го ова сите лу е!" |
28. | И тргнаа царот израилски и Јосафат, царот јудејски, кон Рамот Галадски. |
29. | И царот израилски му рече на Јосафата: "Јас ке се преоблечам и ке влезам во борба, а ти облечи ги царските одежди. И се преоблече царот израилски, и влегоа во битка. |
30. | Тогаш царот сириски од својата кола им заповеда на војводите: "Не удирајте ни на мал ни на голем, туку само на царот израилски!" |
31. | А кога началниците на колите го видоа Јосафата, си помислија: тоа е царот израилски, - и го опколија, за да се удрат со него. Но Јосафат извика, и Господ му помогна, и Бог ги одврати од него. |
32. | Штом началниците на колите видоа, дека не беше царот израилски, се вратија од него. |
33. | Во тоа време еден човек го затегна случајно лакот свој и го рани израилскиот цар низ составот на оклопот негов. И тој му кажа на човекот: "Врати се назад и изведи ме од војската, зашто сум ранет." |
34. | Но борбата во тој ден се засили; и израилскиот цар седеше на колата спроти Сиријците до вечерта и умре по зајдисонце. |
← 2Chronicles (18/36) → |