← 2Chronicles (16/36) → |
1. | Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, израилскиот цар Васа се крена против Јудеја и почна да ја гради Рама, за да не му дозволи никому ниту да излегува од јудејскиот цар Аса, ниту да доа а кај него. |
2. | Тогаш Аса изнесе сребро и злато од ризниците на домот Господов и на царскиот дом и ги испрати до сирискиот цар Вен-Адад, кој живееше во Дамаск, велејки: |
3. | "Да биде сојуз ме у мене и тебе, како што беше ме у татко ми и таткото твој; ти испракам сребро и злато: оди и раскини го сојузот свој со израилскиот цар Васа, за да се повлече од мене." |
4. | Вен-Адад го послуша Аса и испрати свои војводи, што ги имаше кај себеси, против израилските градови, и тие го опустошија Ајнон, Дан и Авелмаим и сите житници во Нефарлимовите градови. |
5. | Кога чу за тоа Васа, престана да ја гради Рама и ја прекина работата своја. |
6. | А царот Аса ги собра сите Јудејци, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвата, што ги употребуваше Васа за градење, и ги изгради со нив Гаваја и Мисфа. |
7. | Во тоа време дојде јасновидецот Ананиј при јудејскиот цар Аса и му рече: "Бидејки ти се потпре на сирискиот цар, а не си се надевал на Господа, твојот Бог, затоа се спаси од рацете твои војската на сирискиот цар. |
8. | Етипците и Ливијците не беа ли со поголема сила и со многу повеке коли и коњаници? Но штом ти се надеваше на Госпдоа, и Он ги предаде во раката твоја, |
9. | зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ке имаш војни." |
10. | Тогаш Аса се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејки беше раздразнет од тоа против него. Во тоа време Аас го притискаа и некои од народот. |
11. | Ете, делата на Аса, први и последни, се опишани во книгата на царевите јудејски и израилски. |
12. | На триесет и деветтата година од царувањето свое Аса се разболе во нозете, и болеста негова се прошири до горните делови на телото; но во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари. |
13. | И почина Аса при татковците свои и умре во четириесет и првата година од царувањето свои. |
14. | И го погребаа во гробницата, кој што сам си ја беше изградил во Давидовиот град; го положија на одарот, затрупан со благопријатни мириси и со разни вештачки масти, какви што изгореа големо множество за него. |
← 2Chronicles (16/36) → |