← 2Chronicles (15/36) → |
1. | Тогаш Духот Божји слезе врз Азарија, син Ададов. |
2. | Тој излезе да го пресретне Аса и сите Јудејци и Венијаминовци, и им рече: "Послушајте ме, Аса и сите Јудејци и Венијаминци: Господ е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ке Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Он ке ве остави. |
3. | Многу дни Израилот ке биде без вистински Бог, без свештеник да поучува, и без закон; |
4. | но кога во притеснетоста своја ке се обрне кон Господа, Бога Израилев, и ке Го побара, и ке Го најде. |
5. | Во тие времиња нема да има мир ни за оние што излегуваат, ни за оние што влегуваат; зашто ке има голема збрка ме у сите жители земни; |
6. | народ ке се бие со народ, и град со град, затоа што ке ги смути Бог со секакви невољи. |
7. | Но вие држете се цврсто, и рацете ваши да не ослабуваат, зашто ке има награда за делата ваши." |
8. | Кога ги чу Аса тие зборови и пророштвата на Асарија, син на пророкот Адада, тој се охрабри и ги премавна незнабожечките гнасотии од целата земја Јудејска и Венијаминова, и од градовите на Евремовата гора, што ги беше презел, го обнови и жртвеникот Господов, што беше пред Господовиот трем. |
9. | Тогаш ги собра сите Јудејци и Венијаминовци и преселени од Ефрема, Манасија и Симеона, кои живееја со нив; зашто многу Израилци преминаа кон него, откако видоа, дека Господ, неговиот Бог, е со него. |
10. | И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година од царувањето на Аса. |
11. | Во тој ден принесоа жртва на Господа од пленот, што го донесоа: од крупниот добиток седумстотини и од ситниот - седумдесет иљади. |
12. | Склучија завет да Го бараат Господа, Бога на татковците свои, од се срце и од сета душа; |
13. | а секој, што не Го побара Господа, Бога Израилев, да умре - бил тој мал или голем, маж или жена. |
14. | И се заколнаа во Господа громогласно со восклици и при звукот на трубите и роговите. |
15. | И сите Јудејци се радува на таа заклетва, зашто се колнеа од се срце и со сета воља. Го бараа Господа, и Го најдоа. Тогаш Господ им даде спокојствие од сите страни. |
16. | А мајка си Маха царот ја лиши од царското достоинсто, затоа шти беше и служела на Астарта. Аса го сруши идолот нејзин, го исече на парчиња и го изгори во Кедронскиот дол. |
17. | Иако идолските светилишта не беа премавнати во Израилот, но срцето на Аса беше наполно предадено на Господа во сите дни негови. |
18. | Тој го внесе посветеното од таткото свој во Божјиот дом; среброто, златото и садовите. |
19. | И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса. |
← 2Chronicles (15/36) → |