← 2Chronicles (14/36) → |
1. | И почина Авија при татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. Место него цар стана синот негов Аса. Во неговите дни земјата беше спокојна десет години. |
2. | Аса го вршеше она, што беше добро и угодно пред очите на својот Господ Бог; |
3. | тој ги премавна жртвениците на ту ите богови и идолските светилишта, ги скрши статуите и ги исече младите дубрави; |
4. | им заповеда на Јудејците да Го бараат Господа, Бога на татковците нивни, да го исполнуваат законот Негов и заповедите; |
5. | ги премавна од сите градови Јудините идолски светилишта и статуите на сонцето. И царството негово беше спокојно. |
6. | И бидејки беше спокојна земјата, тој изгради тврдина во Јудеја; тој не војуваше во тие години, зашто Господ му беше дал спокојство. |
7. | И им рече Аса на Јудејците: "Да ги изградиме овие градови и да ги заградиме со sидиште и кули, со порти и клучеви; земјата е уште наша, зашто ние Го побаравме Господа, нашиот Бог; ние Го побаравме, и Он ни даде спокојство од сите страни." И почнаа да градат, и успеваа. |
8. | Воената сила на Аса беше: од Јудиното колено триста иљади вооружени со штитови и копја, од Венијаминовото колено двесте и осумдесет иљади јунаци, вооружени со штитови и стрелци со лак. |
9. | И се крена против нив Зарај, Етиопјанин, со иљада иљади војска и триста коли, и стигна до Мариса. |
10. | Му излезе Аса во пресрет, и се распоредија за борба во Софатската долина при Мариса. |
11. | Повика Аса кон Господа, својот Бог, и рече: "Господи, нели е во Твоја сила да им помагаш на силни и слаби? Тогаш помогни ни нам, Господи, Боже, наш, зашто ние на Тебе се надеваме и во Твое име излеговме против ова множество. Господи, Ти си наш Бог; да не биде човекот посилен од Тебе." |
12. | И Господ ги порази Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните избегаа. |
13. | Аса, пак, и народот со него ги гонеше до Гедор; Етиопјаните паднаа толку, што ниеден не остана жив, зашто беа поразени пред Господа и пред Неговата војска. И собраа прилично голем плен. |
14. | Ги разрушија сите градови околу Гедор, зашто ужас од Господа налета врз нив; и ги ограбија сите градови и изнесоа од нив многу голем плен. |
15. | Ги разрушија и пастирските колиби, ограбија многу стада од ситен добиток и камили, и се вратија во Ерусалим. |
← 2Chronicles (14/36) → |