← 2Chronicles (13/36) → |
1. | Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоама стана цар Авија над Јуда; |
2. | тој царуваше три години во Ерусалим; мајка му се викаше Михаја, керка Урилова, од Гаваон. И Авија водеше војна со Јеровоама. |
3. | Авија изведе во војна војска од храбри лу е, четиристотини иљади одбрани души, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини иљади души, исто така одбрани јунаци. |
4. | И застана Авиј на врвот од планината Семераим, една од Ефремовата гора, и рече: "Чујте ме, Јеровоаме и сите Израилци! |
5. | Не знаете ли, дека Господ, Бог Израилев, му го даде на Давида царството над Израилот засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен." |
6. | Но беше востанал Јеровоам, синот Наватов, слуга на Давидовиот син Соломона, и се побуни против господарот свој. |
7. | И се собраа околу него лу е долни, развратници и станаа против Ровоама, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив. |
8. | А сега вие мислите да устоите против царството Господово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги направи Јеровоам за богови. |
9. | Нели вие ги изгонивте свештениците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свештеници, какви што има при народите во другите земји? Секој, што доа а за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови. |
10. | А кај нас - Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; не Господа Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата работа. |
11. | Тие Му жртвуваат на Господа сепаленици, секое утро и секоја вечер, и миризливо кадиво, ги слагаат лебовите еден врз друг на чиста трпеза и ги палат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господа, нашиот Бог, а вие сте Го оставиле. |
12. | И, ете, нам на чело ни е Бог и Неговите свештеници и громогласните труби, за да грмат против вас. Синови Израилеви, не војувајте против Господа, Бога на вашите татковци, зашто нема да успеете! |
13. | Во тоа време Јеровоам направи заседа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата - зад нив. |
14. | И кога се обsрнаа Јудејците, - а тоа борба и отспреди и одзади; и повикаа кон Господа, а свештениците затрубија со труби. |
15. | И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порзи Јеровоама и сите Израилци пред Авија и Јуда. |
16. | И синовите Израилеви почнаа да бегаа пред Јудејците; и Бог го предаде во рацете нивни. |
17. | Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израилот петстотини иљади одбрани јунаци. |
18. | Тогаш синовите Израилеви се смирија, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господа, Бога на татковците нивни. |
19. | Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јесин со селата негови и Ефрон со потчинетите му села. |
20. | И Јеровоам веке не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре. |
21. | Авија, пак, се засили; си зеде четиринаесет жени и роди дваесет и два сина и шеснаесет керки. |
22. | Другите дела на Авија, делата негови и зборовите негови се опишани во записите на пророкот Ада. |
← 2Chronicles (13/36) → |