← 2Chronicles (12/36) → |
1. | Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го остави законот Господов, а заедно со него и сиот Израил. |
2. | На петтата година од Ровоамовото царување Сусаким, египетскиот цар, се крена против Ерусалим, - зашто беа отстапиле од Господа, - |
3. | со иљада и двесте коли и шеесет иљади коњаници; а дојдениот од Египет со него народ: Ливијци, Троглодити и Етиопјани, - број немаше; |
4. | и ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим. |
5. | Тогаш пророкот Самеј дојде при Ровоама и при јудејските кнезови, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Сусакима, и им рече: "Вака вели Господ: ‘Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Сусакима.‘" |
6. | Кнезовите Израилеви и царот се смирија и рекоа: "Праведен е Господ!" |
7. | Кога виде Господ, дека тие се смирија, дојде словото Господово до Самеја и беше речено: "Нема да ги погубам, а скоро ке им дадам избавление; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката Сусакимова; |
8. | бидејки тие ке му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства." |
9. | Египетскиот цар Сусаким дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом; одзеде се, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соломон. |
10. | Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во рацете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом. |
11. | Кога одеше царот во Господовиот дом, доа аа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги вракаа во живеалиштето на чуварите. |
12. | И кога се смири, гневот Господов се одврати од него и не го погуби до крај; па и во Јудеја имаше нешто добро. |
13. | Се зацврсти царот Ровоам во Ерусалим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот, кого Господ го избра ме у сите колена Израилеви, за да остане таму засекогаш името Негово. Мајка му се викаше Нама, Амонитка. |
14. | И вршеше зло, зашто не го беше расположил срцето свое за да Го побара Господа. |
15. | Делата на Ровоама, први и последни, се опишани во записите на пророкот Самеја и јасновидецот Ада во родословијата. Ровоам имаше војни со Јеровоама во сите денови. |
16. | Ровоам почина при татковците свои и беше погребан во Давидовиот град. И место него стана цар синот негов Авија. |
← 2Chronicles (12/36) → |