← 2Chronicles (11/36) → |
1. | Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венијаминовиот дом сто и осумдесет иљади одбрани војници, за да војуваат против Израилот и да му го вратат царството на Ровоама. |
2. | И би слово Господово до Самеја, човекот Божји, со кое беше речено: |
3. | "Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар Јудејски, и на сиот Израил во Јудиното и Венијаминовото племе: |
4. | вака вели Господ: ‘не одете и не почнувајте војна со браката свои; вратете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘ Тие ги послушаа зборовите Господови и се вратија од походот против Јеровоама. |
5. | Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со sидови. |
6. | Го утврди Витлеем, Етам, Текуја, |
7. | Ветсур, Сокхот, Одолам, |
8. | Гет, Марисан, Зиф, |
9. | Адурем, Лахис, Азиер, |
10. | Салај, Елон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе. |
11. | Ги зацврсти тие тврдини и постави во нив началници и житници ,и одделенија за елеј и вино. |
12. | И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин. |
13. | Свештениците и левитите, колу што ги имаше по целата земја Израилска, се собраа при него од сите краишта, |
14. | зашто левитите ги оставија селата свои и владенијата свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејки Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свештенството Господово |
15. | и си поставија жреци во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги направи. |
16. | А по нив и од сите племиња Израилеви, кои го управија срцето свое да Го бараат Господа, Бога Израилев, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господа, Бога на татковците свои. |
17. | Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давида и Соломона во тие три години. |
18. | Ровоам си ја зеде за жена Маелата, керката на Јеримута, син Давидов, и на Авигеја, керка на Елијава, син Јесеев; |
19. | И таа му ги роди синовите: Јеуса, Саморија и Зама. |
20. | По неа тој ја зеде Маха, керка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Јевтија, Зиза и Салимота. |
21. | Ровоам ја сакаше Маха, Авесаломовата керка, повеке од сите свои жени и наложници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет наложници, и роди дваесет и осум синови и шеесет керки. |
22. | Ровоам го постави Авија, синот на Маха, за началник и кнез над браката свои, зашто сакаше да го направи цар. |
23. | Па мудро работејки, тој ги распрати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамина, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени. |
← 2Chronicles (11/36) → |