← 2Chronicles (10/36) → |
1. | Ровоам отиде во Сихем, зашто во Сихем се беа собрале сите Израилци, за да го изберат за цар. |
2. | Кога чу за тоа Јеровоам, синот Наватов, - кој се нао аше во Египет, каде што беше избегал од царот Соломон, - тој се врати од Египет. |
3. | Испратија да го повикаат. Дојде Јеровоам и сиот Израил, и му говореа на Ровоама вака: |
4. | "Твојот татко ни маложи тешко иго; ти пак олесни ни го тешкото ропство од татка ти и тешкото иго, што ни го наложи тој, и ние ке ти служиме." |
5. | Ровоам им одговори: "По три дена дојдете пак при мене." И народот се разотиде. |
6. | Се посоветува царот Ровоам со старешините, што стоеја пред татка му Соломона, додека беше жив, и им рече: "Што ке ме посоветувате да му одговорам на овој народ?" |
7. | Тие му одговорија: "Ако бидеш добар спрема овој народ и му угодиш, ако му говориш благи зборови, тој ке ти служи во сите дни." |
8. | Но тој го отфрли советот, што му го дадоа старешините, па почна да се советува со младите, што беа израснале заедно со него и служеа при него; |
9. | па им рече: "Што ке ми советувате да им одговорам на оние лу е, што ми рекоа вака: ‘Олесни ни го игото, што ни го наложи татко ти?‘ |
10. | Младите, што беа израстане со него, му одговорија и рекоа: "Вака кажи им на тие лу е, што ти рекле: ‘твојот татко ни наложи тешко иго, ти, пак олесни ни го,‘ - вака кажи им: ‘малиот прст ми е подебел од бедрата на татка ми. |
11. | Татко ми ви наложи тешко иго, јас, пак, ке го зголемам вашето иго; татко ми ве казнуваше до камшици, јас, пак, ке ве бијам со скорпии.‘" |
12. | Дојде Јеровоам и сите лу е при Роваоама на третиот ден, како што им беше заповедал царот, велејки: "Дојдете при мене пак по три дена." |
13. | Тогаш царот им одговори грубо, бидејки царот Ровоам го отфрли советот на старешините, и им говорешие според советот на младите вака: |
14. | "Татко ми ви наложи тешко иго, јас пак ке го зголемам; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ке ве бијам со скорпии." |
15. | И царот не го послуша народот, зашто така беше определено од Бога, за да го исполни Господ зборот Свој, што го беше изрекол преку Силоамецот Ахија на Наватовиот син Јеровоама. |
16. | Кога сиот Израил виде, дека царот не го слуша, народот му одговори на царот, велејки: "Како дел имаме во Давида? За нас нема дел во синот Јесеев; по шаторите свои, Израиле! Сега знај го својот дом, Давиде!" И се разотидоа сите Израилци по шаторите свои. |
17. | А Ровоам остана цар само на синовите Израилеви, што живееја во Јудините градови. |
18. | Царот Ровоам го испрати Адонирама, кој беше над даноците, но синовите Израилеви го затрупаа со камења, и тој умре. А царот Ровоам побрза да седни в кола, за да избега во Ерусалим. |
19. | Така се одметнаа Израилците од домот Давидов и до денес. |
← 2Chronicles (10/36) → |