2Chronicles (1/36) → |
1. | Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвеличи високо. |
2. | И му заповеда Соломон на сиот Израил да се соберат: иљадниците, стотниците, судиите и сите началници во сиот Изриал - старешините на домовите татковски. |
3. | Па отидоа Соломон и целото собрание со него на ридот во Гаваон, бидеки таму беше Божјата скинија на сведоштово, која Мојсеј, слугата Господов, ја беше подигнал во пустињата. |
4. | Давид го беше пренел Божјиот ковчег од Киријат-Јарим на она место, што му го беше приготвил, откако направи за него скинија во Ерусалим. |
5. | А бакарниот жртвеник, што го беше направил Веселеил, синот на Урија, Одов син, си остануваше таму пред синијата Господова; него го побараа Соломона и собранието. |
6. | И таму пред лицето на Господа, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на сведоштвото, Соломон принесе иљада сепаленици. |
7. | Во таа нок му се јави Господ на Соломона и му рече: "Барај, што сакаш да ти дадам." |
8. | Соломон Му одговори на Бога: "Ти му направи на таткото мој Давида голема милост и ме постави за цар место него. |
9. | Нека се исполни сега, Господи, словото Твое кон татка ми Давида, бидејки ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав, |
10. | дај ми сега мудрост и разум, за да излегувам и влегувам пред тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?" |
11. | И му рече Бог на Соломона: "Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар, - |
12. | мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ке ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, нити ке има по тебе." |
13. | Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на сведоштвото, во Ерусалим, и царуваше над Израилот. |
14. | И собра Соломон коњица; имаше иљада и четиристотини коли и дванаесет иљади коњаници, кои ги насели по колските градови и при царот во Ерусалим. |
15. | И го направи царот во Ерусалим среброто и златото рамноцено со камењата, а кедрите според нивното множество ги направи рамноцени со смоквите во низините. |
16. | Коњи му доведуваа на Соломона од Египет; царски трговци ги купуваа со пари; |
17. | една кола се купуваше и дотеруваше од Египет за шестотини сикли сребро, а еден коњ - за сто и педесет. Така тие им ги доставуваа преку своите раце на сите цареви хетејски и цареви сиријски. |
2Chronicles (1/36) → |