← 1Timothy (6/6) |
1. | Сите што се под јарем, робовите, своите господари нека ги сметаат достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и учењето. |
2. | А оние што имаат верни господари, нека не ги презираат, зашто се браќа, туку нека им служат подобро, зашто оние кои се ползуваат од нивните услуги се верни и возљубени браќа! Така поучувај и поттикнувај! |
3. | Ако некој поучува инаку и не ги следи здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и на учењето на побожноста, |
4. | тој е надмен и не знае ништо, и боледува за распрашувања и препирки околу зборови од кои произлегуваат: завист, кавги, хулења, зли сомневања, |
5. | постојани караници меѓу луѓето со изопачен ум и лишени од вистината, кои мислат дека побожноста е средство за добивка. |
6. | Bсушност, побожноста е голема добивка, кога е споена со чувството на доволност. |
7. | Зашто ништо не донесовме на овој свет, ниту можеме да однесеме нешто. |
8. | А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа! |
9. | А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение и во стапица и во многу неразумни желби и похоти што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел, |
10. | зашто љубовта спрема парите е коренот на сите зла; некои му се предадоа, скршнаа од верата и си нанесоа многу болки. |
11. | А ти, Божји човеку, бегај од сето тоа! И стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост и кроткост! |
12. | Bојувај ја добрата борба на верата, зграби го вечниот живот за кој си повикан и за кого си дал добра исповед пред многу сведоци! |
13. | Ти заповедам пред Бога, Кој оживува сè и пред Христос Исус, Кој пред Понтиј Пилат посведочи со добра исповед, |
14. | да ја чуваш заповедта чиста и непорочна до јавувањето на нашиот Господ Исус Христос, |
15. | кое, во свое време, ќе Го открие благословениот и единствениот Bладетел, Царот на царевите и Господар на господарите; |
16. | Кој единствено има бесмртност и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел ниту може да Го види. Нему чест и вечна сила. Амин! |
17. | Заповедај им на богатите на овој свет да не бидат горделиви и да не се надеваат на непостојаното богатство, туку во Бог, Кој ни дава изобилно сè, за наслада, |
18. | да прават добро, да бидат богати во добри дела, да бидат дарежливи и штедри; |
19. | да собираат за себе благо како добра основа за иднината, за да зграбат вистински живот. |
20. | О, Тимотее, чувај го тоа што ти е доверено, и одбегнувај нечисти и празни разговори и противречноста на таканареченото "познавање", |
21. | за кое некои се држат и така скршнаа од верата. Благодат со вас. |
← 1Timothy (6/6) |