← 1Timothy (5/6) → |
1. | Не прекорувај строго постар човек, туку опоменувај го како татко, а помладите како браќа, |
2. | старите жени како мајки, а помладите како сестри, со целосна чистота. |
3. | Почитувај ги вдовиците - оние кои се навистина вдовици. |
4. | Ако некоја вдовица има деца или внуци, тие прво нека научат да покажат побожност спрема своето семејство, и да им го возвраќаат нужното почитување на своите родители, зашто тоа е добро и угодно пред Бог. |
5. | А вистинска вдовица е онаа која останала сосема сама, се надева во Бога и е постојана деноноќно во молби и молитви. |
6. | А онаа која живее распуштено, уште жива, е мртва. |
7. | Пренеси го и ова: да бидат непорочни. |
8. | Ако некој не се грижи за своите, особено за домашните, тој се откажал од верата и е полош од неверник. |
9. | Bо списокот на вдовиците да се запишува само таква вдовица која не е помлада од шеесет години, која била жена на еден маж, |
10. | која има сведоштво за добри дела, ако одгледала деца, ако била гостољубива спрема туѓинци, ако им миела нозе на светии, ако им помагала на страдалници и ако се посветила на секое добро дело. |
11. | А помлади вдовици не примај, зашто кога ќе ги привлече насладата, спротивно на Христос, сакаат да се мажат, |
12. | со што навлекуваат врз себе осуда, зашто отстапиле од првиот завет. |
13. | А освен тоа, бидејќи се без работа, свикнуваат да одат по куќите. И не само без работа, туку се и зборлести и љубопитни, и зборуваат што не треба. |
14. | Затоа, сакам младите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки, за да не му даваат на противникот никаков повод за прекорување. |
15. | Имено, некои веќе скршнале и тргнале по сатаната. |
16. | Ако некоја верна жена има роднини вдовици, нека ги помага, за да не биде оптоварена црквата, та да може да им помага на оние кои се вистински вдовици. |
17. | На старешините кои добро управуваат, треба да им се укажува двојна чест, особено на оние кои се трудат во проповедање и поучување. |
18. | Зашто Писмото вели: "Не врзувај му ја устата на волот што врши;" и: "Работникот ја заслужува својата заработка." |
19. | Не примај обвинение против старешина, освен по изјава на двајца или тројца сведоци. |
20. | Оние кои грешат укори ги пред сите, за останатите да имаат страв. |
21. | Те заколнувам пред Бог, пред Христос Исус и пред избраните ангели, да го чуваш ова без предрасуди и да не правиш ништо со пристрасност ! |
22. | Не полагај раце пребрзо на никого и не учествувај во туѓи гревови! Чувај се себеси чист! |
23. | Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања. |
24. | Гревовите на некои луѓе се видливи однапред и пред нив одат на суд, а на некои одат по нив. |
25. | Исто така и добрите дела се видливи, а и оние што не се, не можат да се скријат. |
← 1Timothy (5/6) → |