← 1Timothy (4/6) → |
1. | А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отпаднат од верата и ќе слушаат измамливи духови и демонски учења, |
2. | преку лицемерството на лажливци кои се жегосани во својата совест, |
3. | кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од храна, што Бог ја создал за да ја земаат со благодарност оние кои веруваат, кои ја знаат вистината. |
4. | Зашто сè што е создадено од Бог добро е, и ништо не треба да се отфрла ако се прима со благодарност, |
5. | зашто се осветува преку Божјото слово и молитва. |
6. | Ако им укажуваш за ова на браќата, ќе бидеш добар служител на Христос Исус, и хранет со зборовите на верата и на здравото учење што го следиш. |
7. | Избегнувај од нечисти и бапски приказни и обучувај се во побожност, |
8. | зашто телесната обука е малку полезна, а побожноста е полезна за сè, зашто има ветување за сегашниот и идниот живот. |
9. | Тоа е веродостојно слово и достојно за целосно примање. |
10. | Затоа ние се трудиме и се бориме, зашто нашата надеж сме ја устремиле кон живиот Бог, Кој е Спасителот на сите луѓе, а особено на верните. |
11. | Порачувај го и поучувај го ова! |
12. | Никој да не те презира заради твојата младост, туку, биди им пример на верните во говорот, во поведението, во љубовта, во верата и во чистотата! |
13. | Додека дојдам внимавај на читањето на словото, на опоменувањето и на поучувањето! |
14. | Не занемарувај го духовниот дар кој е во тебе, кој ти е даден преку пророштво, со ракополагање од старешините. |
15. | Размислувај за тоа и биди во тоа, та твојот напредок да им биде видлив на сите! |
16. | Bнимавај на себеси и на учењето! Истрај во него, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат. |
← 1Timothy (4/6) → |