← 1Timothy (3/6) → |
1. | Bеродостојно е словото: кој сака надзорништво, добра работа посакува. |
2. | Според тоа, надзорникот треба да биде: непорочен, маж на една жена, умерен, разумен, уреден, гостољубив, способен да поучува; |
3. | не пијаница или жесток, туку трпелив, не наклонет кон расправии, не среброљубец, |
4. | кој управува добро со својот дом и има покорни деца со сета сериозност |
5. | (зашто ако не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква?), |
6. | да не е новообратен за да не се возгордее и да падне во осудата како ѓаволот! |
7. | А треба да има и добар углед пред надворешните, за да не биде прекоруван и да падне во стапицата на ѓаволот. |
8. | Исто така, ѓаконите треба да бидат сериозни , не двојазични, да не сакаат многу вино или да се склони кон нечесна печалба, |
9. | туку такви кои со чиста совест ја пазат тајната на верата. |
10. | И првин да бидат проверени, а после да ја вршат службата ако се непорочни. |
11. | Исто така жените треба да бидат сериозни, да не клеветат, трезвени и верни во сè. |
12. | Ѓаконите да бидат мажи на една жена и да управуваат добро со своите деца и со своите домови, |
13. | зашто оние ѓакони кои ја извршиле добро својата служба, добиваат почесно место и голема смелост во верата во Христос Исус. |
14. | Ова ти го пишувам надевајќи се дека набргу, ќе дојдам кај тебе; |
15. | но во случај да се подзабавам, знај какво треба да биде поведението во Божјиот Дом, кој е црквата на живиот Бог, столб и потпора на вистината. |
16. | А според општото признание, голема е тајната на побожноста: Оној Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ангелите, беше навестуван меѓу народите, поверуван во светот и вознесен во слава. |
← 1Timothy (3/6) → |