← 1Timothy (2/6) → |
1. | Затоа, молам, пред сè да се упатуваат молби, молитви, застапувања, благодарности за сите луѓе, |
2. | за царевите и за сите кои се на власт, за да можеме да водиме спокоен и мирен живот во сета побожност и сериозност. |
3. | Ова е добро и угодно пред Бог, нашиот Спасител, |
4. | Кој сака сите луѓе да бидат спасени и да дојдат до целосното познавање на вистината. |
5. | Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот меѓу Бог и луѓето - човекот Христос Исус, |
6. | Кој се даде Себеси како откуп за сите, за сведоштво во вистинско време. |
7. | Поради тоа јас бев поставен за гласник, апостол (вистина велам, не лажам) и за учител на неевреите во верата и вистината. |
8. | Затоа, сакам мажите да се молат на секое место, подигајќи ги светите раце, без гнев и двоумење. |
9. | Исто така и жените да се украсуваат со пристојна облека, скромно и невпечатливо, не со плетенки и злато, со бисери или со скапоцени облеки, |
10. | туку со добри дела, како што им прилега на жените кои тврдат дека се побожни. |
11. | Жената нека се поучува во смиреност и во целосна покорност ! |
12. | А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде смирена. |
13. | Зашто, прво беше создаден Адам, а потоа Ева. |
14. | И Адам не беше измамен, туку жената откако беше измамена, падна во престап. |
15. | Но таа ќе биде спасена преку раѓање деца, ако останат во верата, љубовта и во светоста со трезвеност. |
← 1Timothy (2/6) → |