1Timothy (1/6) → |
1. | Павле, апостол на Христос Исус по заповедта на Бог, нашиот Спасител, и на Христос Исус, нашата надеж, |
2. | до Тимотеј, вистинското чедо во верата. Благодат, милост и мир од Бог Таткото и Христос Исус, нашиот Господ. |
3. | Како што те молев, кога заминав за Македонија, да останеш во Ефес за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку |
4. | и да не се занимаваат со сказни и со бесконечни родословја кои повеќе поттикнуваат расправии, отколку што водат кон претставување на Божјото устројство, кое е по вера. |
5. | А целта на нашето укажување е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера, |
6. | од што некои скршнаа во празни разговори, |
7. | сакајќи да бидат учители на законот, иако не го разбираат ни она што го зборуваат, ни она што упорно го тврдат. |
8. | Ние, пак, знаеме дека законот е добар, ако некој го применува законски, |
9. | знаејќи го ова дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за оние кои ги убиваат своите татковци или мајки, за убијците; |
10. | за блудниците и за полово изопачените, за отимачите на луѓе, за лажливците, за кривоклетниците и за сè друго што му е противно на здравото учење, |
11. | според славното Евангелие на благословениот Бог, кое ми беше доверено. |
12. | Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сила за тоа, зашто ме сметаше верен и ме постави во службата, |
13. | мене, кој порано бев хулител, и гонител, и насилник. Но ми се укажа милост, зашто го правев тоа од незнаење и неверување. |
14. | А благодатта на нашиот Господ, преизобилуваше со верата и љубовта во Христос Исус. |
15. | Bеродостојно е словото и достојно за целосно примање дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои прв сум јас. |
16. | И токму затоа добив милост, за да ја покаже Христос Исус, прво во мене, сета своја трпеливост, за пример на оние кои ќе поверуваат во Него за вечен живот. |
17. | На Царот кој е вечен, бесмртен, невидлив, на единствениот Бог - чест и слава во сите векови. Амин! |
18. | Оваа заповед ти ја предавам, чедо Тимотее, според поранешните пророштва за тебе: за преку нив да ја војуваш добрата битка, |
19. | имајќи вера и добра совест, кои некои ги отфрлија и претрпеа бродолом во верата. |
20. | Меѓу нив се Хименеј и Александар, кои ги предадов на сатаната за да научат да не хулат. |
1Timothy (1/6) → |