← 1Thessalonians (5/5) |
1. | А за времињата и периодите, браќа, нема потреба да ви се пишува; |
2. | зашто самите вие добро знаете дека Господовиот Ден ќе дојде како крадец во ноќ. |
3. | Кога ќе велат: "мир и безбедност", тогаш ненадејно ќе падне погибел врз нив, како породилни маки врз бремена жена, и не ќе можат да избегаат. |
4. | Но вие, браќа, не сте во темнина, та Денот да ве затече како крадец, |
5. | зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот и не и припаѓаме на ноќта, ниту на темнината. |
6. | И така, да не спиеме како другите, туку да бдееме и да бидеме трезвени. |
7. | Зашто оние кои спијат, спијат ноќе и оние кои се опиваат, ноќе се опиваат. |
8. | А ние кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени, облечени во оклопот на верата и љубовта, а како шлем, надежта на спасението, |
9. | зашто Бог не нè определил за гнев, туку да придобиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос, |
10. | Кој умре за нас за да живееме заедно со Него, било да сме будни или да спиеме. |
11. | Затоа утешувајте се меѓусебно и надградувајте се еден друг, токму така како што и правите! |
12. | Bе молиме, браќа, да им давате признание на оние кои вредно работат меѓу вас, кои се одговорни за вас во Господ и на оние кои ве поучуваат. |
13. | Ценете ги над сè со љубов, заради нивното дело. Живејте во мир еден со друг. |
14. | Bе молам уште, браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на немоќните и бидете трпеливи со сите луѓе. |
15. | Гледајте никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш барајте го доброто меѓу вас и за сите луѓе! |
16. | Радувајте се секогаш, |
17. | молете се постојано и |
18. | благодарете за сè, зашто тоа е Божја волја за вас во Христос Исус! |
19. | Не гаснете го Духот, не презирајте ги пророштвата, |
20. | туку испитувајте сè, а држете се за доброто. |
21. | Bоздржувајте се од секој вид на зло! |
22. | А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! |
23. | И вашиот дух, душата и телото да бидат запазени целосни и беспрекорни при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! |
24. | Bерен е Оној Кој ве повикува, Кој и ќе го стори тоа. |
25. | Браќа, молете се за нас! |
26. | Поздравете ги сите браќа со свет целив! |
27. | Bе заколнувам во Господ, ова послание да им го прочитате на сите браќа. |
28. | Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас! |
← 1Thessalonians (5/5) |