| ← 1Thessalonians (4/5) → |
| 1. | Најпосле, браќа, бараме и ве молиме во Господ Исус, така како што примивте од нас упатства како треба да живеете и да Му угодувате на Бог (како што и одите), уште повеќе да изобилувате во тоа. |
| 2. | Имено, знаете какви упатства ви дадовме во името на Господ Исус. |
| 3. | Зашто Божјата волја е вашето осветување: да се воздржувате од блудство, |
| 4. | секој од вас да знае да го држи својот сад во светост и чест, |
| 5. | не во похотна страст, како останатите народи кои не Го познаваат Бога; |
| 6. | никој да не го измамува и да не го оштетува својот брат во тоа, зашто Господ е одмаздник за таквите работи, како што ви рековме и сериозно ве предупредивме. |
| 7. | Имено, Бог не нè повика кон нечистотија, туку кон осветување. |
| 8. | Затоа, кој го отфрла тоа, не отфрла човек, туку Бога, Кој ви Го дава и Својот Свет Дух. |
| 9. | А за братољубието нема потреба да ви пишувам, зашто самиот Бог ве научи да се љубите еден со друг, |
| 10. | а вие го правите тоа спрема сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе |
| 11. | и сесрдно да настојувате да живеете мирен живот, да си ги гледате своите работи и да работите со своите раце, така како што ви заповедавме, |
| 12. | за да се однесувате така како што прилега кон надворешните и да немате никаква нужда. |
| 13. | Не сакаме, браќа, да останете во незнаење за починатите, за да не жалите како другите кои немаат надеж. |
| 14. | Зашто ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така и оние кои се упокоиле во Исус, Бог ќе ги земе со Него. |
| 15. | Зашто ова ви го кажуваме преку Господовото слово, дека ние кои живееме и остануваме до доаѓањето на Господ, нема да отидеме пред оние кои се упокоиле; |
| 16. | зашто Самиот Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христос ќе воскреснат први. |
| 17. | Потоа ние живите кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, за да Го сретнеме Господ во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господ. |
| 18. | Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови. |
| ← 1Thessalonians (4/5) → |