← 1Thessalonians (3/5) → |
1. | Затоа кога не можевме веќе да го издржиме тоа, сметавме дека би било добро да останеме сами во Атина, |
2. | а Тимотеј, нашиот брат и Божји соработник во Евангелието на Христос, го испративме за да ве зацврсти и охрабри во вашата вера, |
3. | за да не се поколеба никој поради овие маки; зашто сами знаете дека за тоа сме определени, |
4. | зашто кога бевме кај вас, однапред ви зборувавме дека ќе трпиме маки, и како што знаете, така и се случи. |
5. | Затоа, јас, не можејќи веќе да издржам, пратив да дознаам за вашата вера, да не би ве искушал искушувачот и да не биде залуден нашиот труд. |
6. | А сега, откако дојде Тимотеј од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека имате секогаш добар спомен за нас и дека копнеете да нè видите, како и ние вас, |
7. | тогаш, браќа, и покрај сета наша мака и невола се утешивме за вас преку вашата вера; |
8. | зашто сега навистина живееме, кога вие стоите цврсто во Господ. |
9. | Зашто, каква благодарност можеме да Му оддадеме на Бог за вас, за сета радост со која се зарадувавме поради вас пред нашиот Бог? |
10. | Ноќе и дење најсесрдно се молиме да го видиме вашето лице и да го дополниме тоа што и недостига на вашата вера. |
11. | А Самиот Бог, нашиот Татко, и Исус Христос, нашиот Господ, да го насочи нашиот пат кон вас! |
12. | А Господ да направи вие да растете и да изобилувате во љубов еден спрема друг и спрема сите луѓе, како што и ние ја имаме спрема вас, |
13. | за да ги утврди вашите срца да бидат непорочни во светост пред нашиот Бог и Татко, при доаѓањето на нашиот Господ Исус со сите Свои светии. |
← 1Thessalonians (3/5) → |