1Thessalonians (1/5) → |
1. | Павле и Силван и Тимотеј до црквата на Солунците, во Бог, Таткото и Господ Исус Христос, благодат вам и мир. |
2. | Секогаш кога ве спомнуваме во нашите молитви, Му благодариме на Бог за сите вас, |
3. | зашто постојано ги спомнуваме делата на вашата вера, трудот на вашата љубов и вашата трпелива надеж во нашиот Господ Исус Христос, пред Бог нашиот Татко. |
4. | Знаејќи, браќа од Бог сакани, дека вие сте избрани; |
5. | зашто нашето проповедање на Евангелието меѓу вас не беше само со слово, туку и во сила, и во Светиот Дух, и во полна увереност; како што знаете какви бевме меѓу вас заради вас. |
6. | И вие нè имавте за пример нас и Господ, примајќи го словото сред голема невола, со радоста на Светиот Дух, |
7. | така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја. |
8. | Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера во Бог се расчу насекаде, така што нема потреба ние да зборуваме нешто. |
9. | Имено, самите зборуваат за нас, како нè примивте и како се обративте од идолите кон Бог, за да Му служите на живиот и вистинит Бог |
10. | и да Го очекувате Неговиот Син Исус од небесата, Кого Го воскресна од мртвите и Кој нè избавува од гневот што доаѓа. |
1Thessalonians (1/5) → |