← 1Samuel (9/31) → |
1. | Имаше еден виден човек од Венијаминовите синови, по име Кис, син Авилов, син Јаредов, син на Вахиров, син Афеков, син на некојси Венијаминец. |
2. | Тој имаше син, по име Саул, млад и убав; и никој од Израилците не беше поубав од него; а и за глава тој беше повисок од сиот народ. |
3. | И на Сауловиот татко Кис му се загубија ослиците, па му рече Кис на синот свој Саула: "Земи со себе еден од слугите и стани, та оди и побарај ги ослиците." |
4. | И тој ја мина Ефремовата гора, ја минаа и земјата Селха, но не ги најдоа; ја минаа и земјата Сегалимиска, и таму ги немаше; потоа ја минаа и Венијаминовата земја, но не ги најдоа. |
5. | А кога дојдоа во земјата Сифова, Саул му рече на слугата свој, што беше со него: "Да се вратиме, за да не почне татко, заборавајки ги ослиците, да се беспокои поради нас." |
6. | Но слугата му рече: "Еве, во овој град има еден човек Божји, чпвек почитуван; се што тој ке каже, се збиднува. Да отидеме сега таму; можеби, ке ни го покаже нашиот пат, по кој да одиме." |
7. | И му рече Саул на слугата свој: "Добро, да одиме, но што ке му однесеме на тој човек? Зошто леб не остана во торбите наши, а и подароци нема, за да му однесеме на човекот Божји. Што имаме?" |
8. | Слугата, пак, му одговори на Салу и рече: "Ете, во раката моја има четврт сикла сребро; ке му ја дадам на човекот Божји, и тој ке ни го покаже патот наш." |
9. | Порано кај Израилот, кога некој одел да Го праша Бога, велел вака: ‘да одиме кај јасновидецот. Зашто тој, кого денес го нарекуваат пророк, порано се викал јасновидец.‘ |
10. | И му рече Саул на слугата свој: "Добро велиш; да одиме!" И отидоа во градот, каде што беше човекот Божји. |
11. | Кога влегуваа во градот, сретнаа девојки, кои беа излегле да си наполнат вода, и ги запрашаа: "Има ли тука јасновидец?" |
12. | Тие им одговорија и рекоа: "Име; ете, тој е пред вас; само побрзајте; тој денес дојде во градот, бидејки народот денес принесува жртва на ридот; |
13. | кога ке дојдете во градот, ке го затечете, пред да се искачи на ридон за да руча; зашто народот нема да почна да јаде, додека тој не дојде; бидејки тој ке ја благослови жртвата, и потоа поканетите ке почнат да јадат; и така, одете, токму сега ке го затечете." |
14. | И отидоа во градот. А кога дојдоа среде град, ете, и Самуил им излегува во пресрет, за да отиде на ридот. |
15. | А ден пред Сауловото доа ање, Господ му откри на Самуила и рече: |
16. | "Утре во ова време ке ти испратам еден човек од Венијаминовата земја, и то помажи го за цар на Мојот народ, Израилот; тој ке го спаси народот Мој од филистејските раце; зашто Јас погледнав милостивно на Мојот народ, бидејки повикот негов стигна до Мене." |
17. | Кога Самуил го виде Саула, Господ му рече: "Ете го човекот, за кого ти говорев; тој ке царува над Мојот народ." |
18. | Саул се приближи до Самуила при вратата и го запраша: "Кажи ми, каде е куката на јасновидецот?" |
19. | Самуил му одговори на Саула и рече: "Јас сум јасновидецот, оди пред мене на ридон; и вие ке ручате денес со мене; јас ке те пуштам изутрина, и ке ти кажам се, што имаш на срцето; |
20. | а за ослиците, што се загубија пред три дена, не се грижи, тие се најдени. Та за кого е се она, што е најсакано кај Израилот? Нели е за тебе и за целиот твој татков дом?" |
21. | Саул одговори и рече: "Не сум ли јас син од Венијаминовото колено, едно од најмалите Израилеви колена? И домот мој не ли е најмал ме у домовите од Венијаминовото колено? Тогаш, зошто ми го говориш тоа?" |
22. | Самуил го зеде Саула и слугата негов, ги воведе во собата, и им даде прво место ме у поканетите, кои беа триесетина души. |
23. | И му рече Самуил на готвачот: "Донеси го оној дел, што ти го бев дал и за кој ти бев рекол: ‘зачувај го кај себеси.‘" |
24. | И готвачот ја зеде плешката и се, што беше на неа, и го стави тоа пред Саула. И рече Самуил: "Ете, тоа е принесено, стави го пред себе и јади, бидејки тоа е зачувано заради тебе кога го свикав народот." И тој ден Саул ручаше со Самуила. |
25. | Потоа тие слегоа од ридот во градот, и Самуил разговараше со Саула на покривот, а и послаа за Саула на покривот и тој спиеше. |
26. | Утрината тие станаа токму кога зазори зората, Самуил го повика Саула на покривот и рече: "Стани, јас ке те испратам." Саул стана, и обајцата, тој и Самуил, излегоа од куката. |
27. | Кога наближуваа кон крајот на градот, Самуил му рече на Саула: "Кажи му на слугата да оди пред нас," - и тој отиде напред, - "а ти сега застани," и јас ке ти откријам, што рече Бог." |
← 1Samuel (9/31) → |