← 1Samuel (8/31) → |
1. | А кога Самуил остаре, ги постаи своите синови за судии над Израилот. |
2. | Името на поголемиот син негов беше Јоил, а името на вториот син негов - Авија; тие беа судии во Вирсавија. |
3. | Но синовите негови не одеа по неговите патишта, туку се впуштија во користољубие - земаа подароци и судеа криво. |
4. | Тогаш се собраа сите старешини Израилеви, дојдоа при Самуила во Арматем |
5. | и му рекоа: "Ете, ти остаре, а синовите твои не одат по патиштата твои. Затоа постави ни цар, кој ке ни суди, како што е кај другите народи." |
6. | Овие зборови не му беа пријатни на Самуила, кога рекоа: ‘дај ни цар, кој ке ни суди.‘ И Самуил Му се помоли на Господа. |
7. | А Господ му рече на Самуила: "Чуј го народниот глас во се, што ти говорат; зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, за да не царувам над нив; |
8. | како што постапуваа од оној ден до денес, кога ги изведов од Египет, откако Ме оставија и им служеа на други богови, така постапуваат и со тебе; |
9. | затоа, послушај го гласот нивни; само изложи им ги и објави им ги правата на царот, што ке царува над нив." |
10. | И Самуил им ги соопшти сите тие зборови Господови на народот, кој бараше од него цар, |
11. | и рече: "Еве, какви ке бидат правата на царот, што ке царува над вас: тој ке ги зема синовите ваши и ке ги прави свои колари и свои коњаници и тие ке одат пред колите негови; |
12. | и ке ги постави да му бидат иљадници и педесетници, да му ги обработуваат нивите, да го жнеат житото и да му прават војничко оружје и се што е потребно за колите негови; |
13. | ке ги зема керките ваши за да прават миризливи масла, да готват јадења и да печат леб; |
14. | ке ви ги зема најдобрите ваши ниви, лозја и малинови градини и ке им ги дава на слугите свои; |
15. | ке зема десеток од посевите ваши и од лозјата ваши и ке им го дава на евнусите свои и на слугите свои; |
16. | ке ги зема робовите ваши и робинките ваши, најдобрите момци ваши и ослите ваши и ке ги употребува за своја работа; |
17. | ке зама десеток од вашиот ситен добиток, а вие сами ке му бидете робови; |
18. | тогаш ке заофкате од царот свој, што сте го избрале, и Господ нема да ви одговори тогаш." |
19. | Но народот не сакаше да го послуша гласот на Самуила и рече: "Не, нека има цар над нас, |
20. | и ние ке бидеме како другите народи - ке ни суди нашиот цар и ке оди пред нас, и ке ги води нашите војни." |
21. | И Самуил, откако ги ислуша сите тие зборови на народот, Му ги кажа на Господа. |
22. | И Господ му рече на Самуила: "Послушај го гласот нивни и постави им цар." И Самуил им рече на Израилците: "Одете секој во својот град!" |
← 1Samuel (8/31) → |