1Samuel (6/31)  

1. А ковчегот Господов остана во областа Филистејска седум месеци, и се наполни таа земја со глувци.
2. И Филистејците повикаа жреци вражачи, па рекоа: "Што да правиме со ковчегот Господов? Поучете не, како да го испратиме до местото негово?"
3. Тие, пак, рекоа: "Ако сакате да го испратите ковчегот на заветото на Господа Бога Израилев, не испракајте го без ништо, туку принесете Му жртва за вина; тогаш ке се излекувате и ке дознаете, поради што не отстапува од вас раката Негова."
4. И тие запрашаа: "Каква жртва за вина треба да Му принесеме?" Тие одговорија: "Според бројот на филистејските кнезови - пет златни пликови и пет златни глувци; зашто еднаков е поразот врз сите нас и врз кнезовите ваши;
5. и така, направете извајани подобија (слични) на вашите пликови и извајани подобија на вашите глувци, што ја опустошија земјата, и воздајте Му слава да Бога Израилев; можеби Он ке ја направи и полесна раката Своја над вас, над боговите ваши и над земјата ваша;
6. и зошто да го ожесточувате срцето свое, како што го ожесточија срцето свое Египтјаните и Фараонот? Ете, кога Господ ја покажа силата Своја над нив, тие ги пуштија и тие тргнаа.
7. Па така, земете, направете една нова кола и земете две крави доилки на кои јарем уште не е ставан, и впрегнете ги кравите во колата, и телињата нивни одведете ги од нив дома;
8. и земете го ковчегот Господов и ставете го на колата, а златните работи, што ке Му ги принесете како жртва за вина, ставете ги во ковчеже отстрана; пуштете го и нека оди;
9. Но гледајте, ако тргне кон пределите свои, кон Ветсамис, тој ни го направил тоа големо зло; ако пак не, ке знаеме, дека не раката Негова не поразила, туку тоа станало со нас случајно."
10. Така и направија: зедоа две крави доилки, ги впрегнаа во кола; а телињата нивни ги задржаа дома;
11. и го ставија на колата ковчегот Господов, ковчежето со златните глувци и извајаните пликови.
12. И тргнаа кравите право по патот кон Ветсамис: одеа се по еден пат, одеа и мукаа, но не скршнуваа ни десно, ни лево; а филистејските кнезови одеа по нив до пределите на Ветсамис.
13. Ветсамиските жители такму го жнееја житото во долината и, откако погледнаа, го видоа ковчегот Господов и се зарадуваа, поради тоа што го видоа.
14. А колата дојде во нивата на Ветсамиецот Исус и таму се застана; имаше таму еден голем камен, и исцепија дрва од колата, а кравите ги принесоа на Господа како жртва.
15. Левитите го симнаа ковчегот Господов и ковчежето, што беше до него, во кое се нао аа златните работи, и ги ставија на големиот камен; а ветсамитските жители принесоа тој ден жртви сепаленици и жртви за благодарност на Господа.
16. И петте филистејски кнезови го видоа тоа и се вратија истиот ден во Акарон.
17. Залтните пликови што Филистејците Му ги принесоа на Господа како жртва за вина, беа: еден за Азот, еден за Газа, еден за Аскалон, еден за Гет, еден за Акарон;
18. а златните глувци беа според бројот на сите филистејски градови - на петте кнезови, од укрепените градови и отворените села до големиот камен, врз кого го ставија ковчегот Господов и кој и од ден денес се нао а во нивата на Ветсамиецот Исус.
19. Ме у ветсамиските жители не се зарадуваа синовите Јехониеви, иако го видоа ковчегот Господов. И Бог уби од нив педесет иљади и седумдесет души. И народот заплака, бидејки Господ го порази со голема погибел.
20. И ветсамиските жители рекоа: "Кој може да стои пред Господа, пред Овој свет Бог и при кого од нас ке отиде Он?"
21. И испратија пратеници при жителите на Киријат-Јарим да кажат: "Филистејците го вратија ковчегот Господов; дојдете и земете го при вас!"

  1Samuel (6/31)