← 1Samuel (5/31) → |
1. | А Филистејците го зедоа ковчегот Божји и го пренесоа од Авен-Езер во Азот. |
2. | Го зедоа Филистејците ковчегот Божји, го внесоа во Дагоновиот храм и го поставија до Дагона. |
3. | На другиот ден, откако станаа Азотците рано, ете, Дагон лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов. И го зедоа Дагона и го поставија пак на местото негово. |
4. | На следниот ден, откако станаа утрината, ете, Дагон пак лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов; главата на Дагона, обете стапала на нозете и обете дланки на рацете негови беа пресечени, секоја одделно, и лежеа на прагот; само трупот на Дагона беше останал. |
5. | Поради тоа жреците Дагонови и сите други, кои доа аа во домот на Дагона во Азот, не стапнуваат на прагот Дагонов до ден денешен. |
6. | И раката Господова се протегна врз Азотците, и Бог го порази и ги казни со лоши пликови во Азот и околните места негови, а во земјата се накотија глувци, и во градот имаше голем смут. |
7. | Откако го видоа тоа Азотците, рекоа: "Да не остане ковчегот на Бога Изрилев кај нас, зашто тешка Му е раката и за нас и за нашиот бог Дагон." |
8. | И испратија, та ги собраа при себе сите филистрјски кнезови и рекоа: "Што да правиме со ковчегот на Бога Израилев?" А тие рекоа: "Нека се пренесе ковчегот на Бога Израилев во Гет." И го испратија ковчегот на Бога Израилев во Гет. |
9. | Откако го пренесоа, раката Господова дојде врз градот и направи ужас мошне голем, и ги порази Господ градските жители од мал до голем, и се појавија на нив израстоци. |
10. | Затоа тие го испратија ковчегот Божји во Аскалон. И кога ковчегот Божји дојде во Аскалон, Аскалонците извикаа и рекоа: "Го донесе при нас ковчегот на Бога Израилев, за да не помори нас и народот наш." |
11. | И испратија, та ги собраа сите филистејски кнезови и рекоа: "Испратете го ковчегот на Бога Израилев; нека се врати на местото свое, за да не не помори нас и народот наш." Зашто се појави смртен страв: по целиот град раката Божја силно се протегна врз нив, откако ковчегот на Бога Израилев дојде тука. |
12. | И оние, што не умреа, беа поразени со пликови, така што пискотот од градот се издигаше до небото. |
← 1Samuel (5/31) → |