← 1Samuel (4/31) → |
1. | Филистејците се собраа да војуваат против Израилот. И словото Самуилово беше свртено кон сиот Израил. И излегоа во војна Израилците против Филистејците и се улогорија при Авен-Езер, а Филистејците се сместија при Афек. |
2. | И Филистејците се наредија за борба против Израилците; почна борбата, и Филистејците ги разбија Израилците, и загинаа од нив на бојното поле до четири иљади души. |
3. | Тогаш народот дојде во логорот; и старешините Израилеви рекоа: "Зошто Господ не порази денес пред Филистејците. Да си го земеме од Силом ковчегот на заветот Господов, и тој ке оди среде нас и ке не спаси од раката на непријателите наши." |
4. | И народот испрати во Силом, па го донесоа оттаму ковчегот на заветот на Господа Саваот, Кој седи на Херувими; а при ковчегот на заветот Божји беа двајцата синови на Илиј - Офни и Финес. |
5. | И кога пристигна во логорот ковчегот на заветот Господов, сиот Израил крена толку силен вик, што земјата трепереше. |
6. | И Филистејците ги слушнаа радосните извици и рекоа: "Зошто ли се тие радосни извици во логорот на Евреите?" И дознаа, дека во логорот пристигнал ковчегот Господов. |
7. | И се уплашија Филистејците, бидејки рекоа: "Бог дошол при нив во логорот." И рекоа: "Тешко нам, зашто такво нешто не се случило ни вчера ни завчера; |
8. | тешко нам! Кој ке не спаси од раката на Оној силен Бог? Тоа е Оној Бог, што ги порази Египтјаните со секакви поразии во пустињата. |
9. | Стегнете се, о Филистејци, и бидете храбри, за да не станете робови на Евреите, како што се тие во ропство под вас; бидете јунаци и удрете на нив!" |
10. | И Филистејците удрија, Израилците беа разбиени, и секој избега во шаторот свој; поразот беше многу голем; од Израилците паднаа триесет иљади пешаци. |
11. | Ковчегот Божји беше земен, и обајцата Илиини синови, Офни и Финес, загинаа. |
12. | А еден од Венијаминовите побегна од местото на битката и дојде во Силом истиот ден; облеката му беше испокината и главата во прав. |
13. | Кога тој пристигна, Илиј седеше на стол при патната врата и гледаше, бидејки срцето му трепереше за ковчегот Божји. И кога тој човек пристигна и јави во градот, целиот град високо повика. |
14. | Илиј го чу плачењето и рече: "Каква врева е тоа?" И човекот веднаш се приближи и му соопшти на Илиј. |
15. | Илиј тогаш беше на деведесет и осум години; и очите му се беа помрачиле, и тој не можеше да гледа. |
16. | И човекот му рече на Илиј: "Јас дојдов од логорот, денес избегав од местото на битката." И рече Илиј: "Што стана, синко?" |
17. | И известителот одговори и рече: "Израил избега пред Филистејците, голем пораз стана во народот, и двајцата твои синови, Офни и Финес, загинаа, и ковчегот Божји беше запленет." |
18. | Кога тој спомна за ковчегот Божји, Илиј падна од столот при вратата нагрб, си го скрши грбникот и умре; бидејки тој беше стар и тежок. Тој беше судија на Израилот четириесет години. |
19. | Снаата негова, Финесовата жене, беше бремена веке навременила. Кога го чу известувањето дека ковчегот Божји е запленет и дека свекорот нејзин и мажот нејзин умреле, се свитка на колена и роди, бидејки и дојдоа болките. |
20. | И кога таа умираше, жените околу неа и говореа: "Не плаши се, ти роди син." Но таа не одговараше и не обрнуваше внимание. |
21. | И го нарече младенчето Ихавод, велејки: "Си отиде славата од Израилот" - со запленувањето на ковчегот Божји, а и со смртта на свекорот нејзин и мажот нејзин. |
22. | Таа затоа рече: "Отиде славата од Израилот, бидејки ковчегот Божји е запленет. |
← 1Samuel (4/31) → |