← 1Samuel (31/31) |
1. | А Филистејците војуваа против Израилците, и мажите израилски избегаа од Филистејците и паднаа победени на планината Гелвуј. |
2. | Филистејците го стигнаа Саула и синовите негови; Филистејците го убија Јонатана, Аминадава и Малхиуса, Саулови синови. |
3. | Битката против Саула стана жестока, и стрели од лакови го поразуваа; тој беше многу ранет од стрелите. |
4. | Тогаш Саул му рече на оруженосецот свој: извади го мечот и заколи ме со него, да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со мене. Но оруженосецот не сакаше, бидејки многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него. |
5. | Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него. |
6. | Така умреа во тој ден Саул и трите синови негови и оруженосецот негов, а исто така и сите лу е негови заедно. |
7. | Израилците кои жеивееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа, дека лу ето израилски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив. |
8. | На другиот ден Филистејците дојдоа да ги ограбуваа убиените и го најдоа Саула и тројцата синови, што беа паднале на Гејвулската планина. |
9. | Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата Филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот; |
10. | и го положија оружјето негово во идолското светилиште на Астарта, а телото негово го закачија на sидот Вет-Сански. |
11. | Жителите на Јавис Галадски слушнаа за тоа што направија Филистејците со Саула; |
12. | се кренаа сите силни лу е, одеа цела нок, го зедоа телото на Саула и телата на синовите негови од sидот Вет-Сански, дојдоа во Јавис и таму го изгореа; |
13. | ги зедоа коските нивни и ги погребаа под дабот во Јавис, и постеа седум дена. |
← 1Samuel (31/31) |