← 1Samuel (30/31) → |
1. | На третиот ден, откако Давид и лу ето негови тргнаа за Секелаг; Амаликијците го нападнаа Секелаг од југ, го презедоа и го изгореа со оган; |
2. | жените, пак, и сите што беа во него, од мал до голем, не ги убија, туку ги одведоа во плен и отидоа по патот свој. |
3. | Се приближи Давид и лу ето негови до градот, и ете, тој е изгорен со оган, а жените нивни, синовите нивни и керките нивни се земени во плен. |
4. | Давид и народот, што беше со него, зедоа да викаат и да плачат, додека имаше сила во нив за плачење. |
5. | Беа земени во плен и двете жени Давидови: Ахиноама, Израилката, и Авигеја, бившата Навалова жена, Кармелитката. |
6. | Давид беше многу збунет, бидејки народот сакаше да го убие со камења; зашто сиот народ страдаше во душата, секој за синовите свои и за керките свои. |
7. | Но Давид се закрепи со надежта во Господа, својот Бог; и му рече Давида на Авијатар, син Ахимелехов: "Донеси ми го ефодот." И Авијатара му го однесе ефодот на Давида. |
8. | Давид го праша Господа, велејки: "Да го гонам ли тоа мноштво, и ке ги стигнам ли?" А одговорот му беше: "Гони, ке стигнеш и ке ги избавиш." |
9. | И тргна Давид, тој и шестотини мажи, што беа со него; и дојдоа до потокот Восор, каде што изморените застанаа. |
10. | И ги гонеше Давид, тој сам со четиристотини души; а двестете души останаа, зашто немаа сила да го преминат Восорскиот поток. |
11. | Најдоа еден Египјанин во полето, го доведоа кај Давида, му дадоа леб, тој јаде, и го напоија со вода; |
12. | и му дадоа дел од низа смокви и два грозда суво грозје, и тој јадеше и се поткрепи, зашто не беше јадел леб и не беше пиел вода три дни и три ноки. |
13. | Тогаш Давид го праша: "Чиј си ти и од каде си?" Тој одговори: "Јас сум момок Египтјанец, слуга на еден Амаликиец, и мојот господар ме остави, бидејки се разболев име веке три дни; |
14. | ние навлеговме во јужниот дел на Хелет и во областа Јудина и во јужниот дел на Хаклев, а Секелаг го изгоревме со оган." |
15. | А Давид го запраша: "Kе ме одведеш ли до тие лу е." Тој одговори: "Заколни ми се во Бога, дека нема да ме убиеш и нема да ме предадеш во рацете на господарот мој, и јас ке те одведам до тие лу е." |
16. | Давид му се заколна, и тој ги поведе. И ете, Амаликијците, распрснати по целата таа земја, јадеа и пиеја и празнуваа поради големиот плен, што го беа зеле од земјата Филистејска и од земјата Јудејска. |
17. | И ги нападна и ги поразуваше Давид од утринските мугри до вечерта на другиот ден, и никој од нив не се спаси, освен четиристотини момчиња, што се качија на камили и избегаа. |
18. | И Давид одзеде се, што беа го зеле Амаликијците, ги одзеде Давид и двете жени свои, |
19. | и не се изгуби кај нив ништо, ни мало, ни големо, ни синови, ни керки, ни пленот, ниту нешто од она, што го беа зеле од нив Амаликијците: се врати Давид. |
20. | И Давид го зеде сиот ситен и крупен добиток; и неговите лу е одеа пред тој добиток и говореа: "Ова е Давидов плен." |
21. | Давид дојде кај оние двесте души, кои немаа сила да одат по нив, и кои ги беше оставил кај потокот Восор, и тие излегоа да го пречекаат Давида и лу ето, кои беа со него. Давид се приближи до тие лу е и ги поздрави. |
22. | Тогаш лошите и неранимајковците, што беа оделе со Давида, почнаа да зборуваат: "Поради тоа што тие не одеа со нас, нема да им дадеме од пленот, што го одзедовме; секоја нека си ја земе само жената и децата и да си оди." |
23. | Но Давид рече: "Не правете така, брака мои, откако Господ ни го даде тоа и не зачува и ни го предаде во рацете мноштвото лу е што доа аше против нас. |
24. | И кој ке ве послуша во тоа? Тие не се подолни од нас. Каква е честа на оние, што одеа во војна, таква чест треба да има и за оние, што останаа кај комората; ме у сите треба да се подели." |
25. | Така стана тоа, од тоа време и понатаму; и тој го постави тоа како закон и правило за Израилот до денес. |
26. | И дојде Давид во Секелаг и од пленот им испрати на старешините Јудини, свои пријатели, велејки: "Ете ви подарок од пленот, земен од непријателите Господови." |
27. | Им испрати и на оние, што се во Ветил и во јужен Рамот, во Јетир и во Гетор, |
28. | во Ариот, и во Амад, во Шифмот, и на оние во Естемоа и во Гет, |
29. | во Кинан, во Сафен, во Тимат и во Рахал, во градовите јерахмеелски и во градовите кенејски, |
30. | во Хорма, и во Хорашан, во Атах |
31. | и во Хервон, и по сите места, каде што Давид беше одел, тој и лу ето негови. |
← 1Samuel (30/31) → |