← 1Samuel (3/31) → |
1. | Момчето Самуил Му служеше на Господа при Илиј; словото Господово беше ретко во тие денови и немаше виденија. |
2. | И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, - очите негови беа почнале да се премрежуваат, и тој не можеше да гледа, - |
3. | и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самуил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Божји; |
4. | Господ повика кон Самуила: "Самуиле! Самуиле!" Тој одговори: "Еве ме!" |
5. | И притрча при Илиј и рече: "Еве ме! Ти ме викаше." Но тој одговори: "Јас не сум те викал; оди легни си!" И тој отиде и си легна. |
6. | Но Господ повика по вторпат кон Самуила: "Самуиле, Самуиле!" Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: "Еве ме! Ти ме повика?" Но тој рече: "Јас не сум те викал, синко; оди легни си!" |
7. | Самуил уште не го познаваше тогаш гласот на Господа, уште не му се беше открило словото Господово. |
8. | Викна Господ кон Самуила и третпат. Тој стана и отиде при Илиј и рече: "Еве ме! Ти ме повика?" Тогаш Илиј разбра, дека Господ го вика момчето. |
9. | И му рече Илиј на Самуила: "Оди легни си, и кога Оној што вика, ке те повика, ти кажи: "Говори, Господи, бидејки Твојот слуга слуша." И отиде Самуил и легна на местото свое. |
10. | И Господ дојде, застана и викна, како првиот и вториот пат: "Самуиле! Самуиле!" И Самуил рече: "Говори Господи, бидејки Твојот слуга слуша." |
11. | И му рече Господ на Самуила: "Еве, што ке извршам во Израилот, за кое, кој ке чуе, ке му писнат и двете уши. |
12. | Во тој ден Јас ке го исполнам над Илиј се она што сум зборувал за домот негов; Јас ке почнам и ке завршам. |
13. | Јас му јавив дека ке го казнам домот негов засекогаш заради онаа вина, која тој ја знаеше, бидејки синовите негови бесчествуваа, и тој не ги запираше. |
14. | И поради тоа се колнам пред домот на Илиј, дека вината на Илиниот дом нема да се избрише довека ниту со жртви, ниту со лебни приноси." |
15. | Самуил спиеше до утрината, (и стана рано) и ја отвори вратата на домот Господов; Самуил се плашеше да му соопшти на Илиј за тоа видение. |
16. | Но Илиј го повика Самуила и рече: "Синко Самуиле!" Тој одговори: "Еве ме!" |
17. | И рече Илиј: "Што ти беше речено? Не криј од мене; тоа и тоа нека ти направи Господ тебе, и уште повеке нека направи, ако сокриеш од мене од се што ти беше кажано." |
18. | И Самуил му соопшти се и не сокри од него ништо. Тогаш Илиј рече: "Он е Господ; што Му е угодно, тоа и нека направи." |
19. | Самуил порасна, и Господ беше со него; и не остана ни еден Негов збор неисполнет. |
20. | И сиот Израил од Дан дури до Вирсавија дозна дека Самуил е удостоен да биде пророк Господов. |
21. | И Господ продолжуваше да се јавува во Силом, откако му се беше открил на Самуила во Силон преку словото Господово. И во сиот Израил, од крај до крај на земјата, се уверија дека Самуил, е пророк Господов. Илиј, пак, остаре многу, а синовите негови продолжуваа да одат по лукав пат пред Господа. |
← 1Samuel (3/31) → |