← 1Samuel (27/31) → |
1. | И Давид рече во срцето свое: "Kе паднам некогаш во рацете на Саула; за мене ништо подобро, освен да избегам во Филистејската земја; и Саул ке престане да ме бара веке по сите израилски предели, и јас ке се спасам од рацете негови." |
2. | Тогаш Давид стана и отиде, тој и шестотини мажи, кои беа со него, при гетскиот цар Анхус, син Моахов. |
3. | и Давид живееше при Анхуса во Гет, тој и лу ето негови, секој со челадта своја; Давид и двете жени негови - Израилката Ахиноама и кармелитката Авигеја, бивша Навалова жена. |
4. | Му јавија на Саула, дека Давид избегал во Гет, и тој веке не го бараше. |
5. | И Давид му рече на Анхуса: "Ако сум се здобил со милост во очите твои, нека ми биде дадено место во еден мал град, и јас ке живеам таму; зашто твојот роб да живее во царскиот град заедно со тебе?" |
6. | Тогаш Анхус му го даде градот Секелаг; затоа Секелаг и остана за царевите јудејски до денес. |
7. | Сето време, што Давид го помина во Филистејската земја, беше година и четири месеци. |
8. | И Давид излегуваше со лу ето свои и ги напа аше Јесурците и Јерзејците и Амаликијците, кои одамна ја населуваа таа земја до Сур и дури до Египетската земја. |
9. | И Давид ја опустошуваше таа земја и не оставаше живи ни мажи, ни жени, и заграбуваше овци и волови, и осли и камили и облека и се вракаше и доа аше при Анхуса. |
10. | И Анхус го праша Давида: "Каде нападнавте денес?" Давид одговори: "Кон југ на Јудеја, кон југ на Јерахмеел и кон југ на Кенеја." |
11. | Давид не оставаше живи ни мажи, ни жени, и не ги доведуваше во Гет, велејки: "Тие можат да не наклеветат, и да кажат: тоа и тоа го направи Давид, и такви му се постапките за сето време, додека живееше во Филистејската земја." |
12. | А Анхус му се довери на Давида, велејки си: "Тој стана намразен од народот свој Израилот и си рече ке ми биде слуга засекогаш." |
← 1Samuel (27/31) → |