← 1Samuel (25/31) → |
1. | И Самил умре. Тогаш се собраа сите Израилци, го оплакаа и го погребаа во куката негова, во Рама. Давид стана и слезе кон пустињата Фаран. |
2. | Имаше во Маон еден човек многу богат, а имотите му беа на Кармил; тој имаше три иљади овци и иљада кози; тој беше на стрижење кај овците свои на Кармил. |
3. | Тој човек се викаше Навал, а жена му се викаше Авигеја. Таа жена беше многу умна и убава, а тој - жесток и лош човек; тој беше од родот Халевов. |
4. | Чу Давид во пустињата, дека Навал ги стриже на Кармил овците свои. |
5. | И Давид испрати десет момци, и им рече Давид на момците: "Одете на Кармил, појдете кај Навала, поздравете го од мое име |
6. | и кажете му вака: "Мир на тебе, мир на твојот дом, мир на се што е твое! |
7. | Денес чув, дека ти ги стрижат овците; ете, овчарите твои беа со нас, и ние не ги навредувавме, и ништо кај нив не се загуби за сето тоа време, додека стоеја на Кармил; |
8. | прашај ги слугите свои, и тие ке ти кажат; затоа нека најдат момците благонаклоност во очите твои, бидејки во добар ден дојдовме; дај им, пак, на слугите твои и на синот свој Давид она што ти се нао а при рака." |
9. | Давидовите лу а отидоа и му ги кажаа на Навала од името на Давида сите тие зборови, и замолчеа. |
10. | Навал скокна и им одговори на Давидовите слуги и рече: "Кој е тој Давид, кој е тој син Јесеев? Сега има многу слуги кои бегаат од господарите свои; |
11. | зар да ги земам лебот свој и водата своја, и виното свое и месото, што сум го приготвил за стрижачите на овците, и да им дадам на лу е, што не ги знам од каде се?" |
12. | И Давидовите лу е се вратија по својот пат, се вратија и дојдоа, та му ги соопштија на Давида сите тие зборови. |
13. | Тогаш Давид им рече на лу ето свои: "Препашете го секој мечот свој." И сите ги препашаа своите мечеви, го препаша и Давид мечот свој, и тргнаа по Давида до четиристотини души, а двесте оставија кај комората. |
14. | Но еден од слугите и јави на Авигеја, жената Навалова, велејки: "Ете, Давид испрати од пустињата пратеници да го поздрават нашиот господар, но тој се однесе кон нив грубо; |
15. | а тие лу е се многу добри кон нас, не не навредуваа, и ништо не се изгуби кај нас, колку што време одевме со нив, додека бевме во полето; |
16. | тие беа за нас како sид и дење и ноке за сето време, додека ги пасевме стадата близу до нив; |
17. | затоа, помисли и види, што да се прави, бидејки неизбежна несрека му се заканува на господарот наш и целиот дом негов; а тој е човек лош, не може да се говори со него." |
18. | Тогаш Авигеја набрзина зеде двесте леба и две мешини со вино, и пет овци зготвени, пет мери пржено жито, сто врзопки суво грозје и двесте низи смокви, и ги натовари на осли, |
19. | па им рече на лугите свои: "Тргнувајте пред мене, ете, јас ке одам по вас." А на мажот свој Навала ништо не му кажа. |
20. | А кога таа, седната на осел, се спушташе по падините на планината, ете, во пресрет и доа а Давид и лу ето негови, и таа се сретна со нив. |
21. | И Давид рече: "Да, залудо го пазев во пустињата целиот имот на тој човек, и ништо не се изгуби од тоа, што беше негово; тој ми плака зло за добро; |
22. | тоа и тоа нека направи Господ со непријателите на Давида, и уште повеке да додаде, ако утре до разденување, од се што е Навалово, го оставам и она што мокри крај sид." |
23. | Штом Авигеја го виде Давида, таа брзо слезе од оселот, падна ничкум пред Давида и се поклони до земја; |
24. | падна до нозете негови и рече: "Врз мене да е гревот, господару мој; дозволи и на робинката твоја да говори во ушите твои и чуј ги зборовите на робинката твоја. |
25. | Нека не обрнува внимание господарот мој на тој лош човек, на Навала; зашто, како му е името, таков е и тој: Навал му е името, и безумието е со него. А јас, твојата робинка, не ги видов слугите на мојот господар, што си ги испратил. |
26. | И сега, господару мој, жив ми Господа и жива да е душата твоја! Господ нема да дозволи да пролеваш крв, а ке ја задржи раката твоја да не се одмаздуваш; и сега нека бидат како Навал твоите непријатели и овие, кои мислеа лошо против мојот господар. |
27. | Еве ги даровите што робинката твоја му ги донесе на својот господар, за да им се разделат на момците, кои му служат на мојот господар. |
28. | Прости и ја вината на робинката своја; Господ бездруго ке воздигне за мојот господар цврст дом, зашто мојот господар води Господови војни, и во текот на целиот живот твој зло нема да се најде во тебе. |
29. | Ако човекот стане да те гони и да ја бара душата твоја, тоа душата на мојот господар ке биде сврзана со јазелот на животот кај Господа, твојот Бог, а душата на твоите непријатели Он ке ја отфрли како од пракка. |
30. | И кога Господ му го направи на мојот господар се она што говореше добро за тебе, и те постави за водач на Израилот, |
31. | за срцето на мојот господар тоа нема да биде огорчение и неспокојство, дека не пролеал напразно крв, и дека се воздржал од одмазда. Господ ке му направи добро на мојот господар, и ти ке си спомниш за робинката своја и ке и направиш милост." |
32. | А Давид и рече на Авигеја: "Благословен Господ, Бог Израилев, Кој те испрати денес во пресрет мој, |
33. | и благословен да биде твојот разум и благословена да бидеш ти, поради тоа што сега не ме остави да пролевам крв и да се одмаздам за себеси. |
34. | Но, - жив Господ, Бог Израилев, што ме задржа да не ти направам зло, - ако не беше побрзала и не беше дошла во пресрет мој, тоа утре до разденување јас немаше да му го оставам на Навала ни она, што мокри крај sид." |
35. | Тогаш Давид го зеде од рацете нејзни она што му го беше донела, и и рече: "Оди си со мир во домот свој; ете, го послушав гласот твој и го почитав лицето твое." |
36. | Авигеја дојде кај Навала, и ете, кај него во домот негов гоштевање како царска гозба, и срцето на Навала беше весело; тој беше многу пијан; затоа таа ништо не проговори, ни многу, ни малку, до изутрината. |
37. | А изутрината, кога Навал се истрезни, и жената негова му раскажа за тоа, срцето негово замре, и тој стана како камен. |
38. | По десет дена Господ го порази Навала, и тој умре. |
39. | Чу Давид, дека Навал умрел, и рече: "Благословен Господ, Кој врати за срамот, што ми го нанесе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврти злобата на Навала врз неговата глава." И Давид испрати да и кажат на Авигеја, дека тој ке ја земе за жена. |
40. | И Давидовите слуги дојдоа кај Авигеја на Кармил и и рекоа вака: "Давид не испрати кај тебе, за да те земеме за жена." |
41. | Таа стана и се поклони ничкум до земјата и рече: "Ете, робинката твој е готова да биде слугинка, за да им ги мие нозете на слугите на мојот господар." |
42. | Авигеја се подготи набрзина, седна на осел и, придружена од пет слугинки, тргна по пратениците на Давида и стана негова жена. |
43. | А Давид ја зеде и Ахиноам од Израел, та и двете му беа жени. |
44. | Саул, пак, му ја даде керка си Мелхола, Давидовата жена, на Фалтија, синот на Лаиша, од Галим. |
← 1Samuel (25/31) → |