← 1Samuel (24/31) → |
1. | Потоа Давид излезе оттаму и живееше по неопасните места на Ен-Гади. |
2. | Кога Саул се врати од Филистејците, му јавија, велејки: "Ете, Давид е во пустињата Ен-Гади." |
3. | Тогаш Саул зеде три иљади одбрани мажи од цел Израил и отиде да го бара Давида и лу ето негови по планините, каде што живеат дивокози. |
4. | И дојде кај едно овчо трло крај патат; таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и лу ето негови седеа во дното на пештерата. |
5. | И му рекоа на Давида лу ето негови: "Еве го денот, за кој ти говореше Господ: ‘ете, Јас ке го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ке сториш со него, она што ти е угодно." Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека. |
6. | Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека. |
7. | И им рече на лу ето свои: "Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејки тој е помазаник Господов." |
8. | Со тие зборови ги задржа лу ето свои и не им дозволи да го нападнат Саула. А Саул стана и излезе од пештерата на патот. |
9. | Потоа стана и Давид, излезе од пештерата и извика по Саула, велејки: "Господару мој, цару!" Саул погледна назад, и Давид падна со лицето на земјата, и му се поклони. |
10. | И Давид му рече на Саула: "Зошто ги слушаш зборовите на овие лу е, што велат, ете, Давид крои зло против тебе? |
11. | Ете, денес гледаат очите твои, дека Господ те предаваше во рацете мои во пештерата, и ми говореа да те убијам, но јас те поштедив и реков: нема да кренам рака на мојот господар, бидејки тој е помазаник на Господа. |
12. | Татко, погледни ја полата на облеката твоја во мојата рака, јас ја пресеков полата од облеката твоја, а тебе не те убив; знај и увери се, дека во раката моја нема зло, ни непријателство, и дека јас не сум згрешил спрема тебе; а ти ја бараш душата моја, за да ја одземеш. |
13. | Господ нека пресуди ме у мене и тебе, и нека ти одмазди Господ за мене; но мојата рака нема да биде врз тебе, |
14. | како што вели старата поговорка: - од беззаконици излегува беззаконие. - Затоа раката моја нама да биде врз тебе. |
15. | Против кого излегол царот Израилски? По кого си се растрчал? По мртво куче, по една болва. |
16. | Господ нека биде судија и Он нека пресуди ме у мене и тебе. Тој ке го испита делото мое и ке ме спаси од раката твоја." |
17. | Откако ги изрече Давид тие зборови кон Саула, Саул рече: "Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?" И го крена Саул гласот свој, и плачеше |
18. | и му рече на Давида: "Ти се поправ од мене, зашто ти ми врати со добро, а јас ти вракав со зло; |
19. | ти го покажа тоа денес, постапувајки со мене милоситво: кога Господ ме предаваше во рацете твои, ти не ме уби. |
20. | Кој, откако ке го најде непријателот свој, ке го пушти здрав и цел? Господ нека ти врати со добро за тоа што ми го направи денес ти. |
21. | Сега знам, дека ти бездруго ке станеш цар, и царството Израилево ке биде силно во раката твоја. |
22. | Затоа заколни ми се во Господа, дека нема да го искорениш потомството мое по мене и нема да ги уништи името мое во татковиот дом мој." |
23. | Му се заколна Давид на Саула. И Саул отиде во својот дом, а Давид и лу ето негови отидоа во утрврдено место. |
← 1Samuel (24/31) → |