| ← 1Samuel (23/31) → |
| 1. | Го известија Давида и рекоа: "Ете Филистејците го нападнаа Кеил и ги разграбуваа гумната." |
| 2. | А Давид го запраша Господа, велејки: да одам ли и да ги поразам ли тие Филистејци?" И Господ му одговори на Давида: "Оди, ти ке ги поразиш Филистејците и ке го спасиш Кеил." |
| 3. | Но оние што беа со Давида, му рекоа: "Ете, ние се плашиме тука во Јудеја, па како ке одиме во Кеил против филистејските групи? Ние ке паднеме во ропство кај Филистејците." |
| 4. | Тогаш Давид пак Го запраша Господа, а Господ му одговори и рече: "Стани и оди во Кеил, зашто Јас ке ги предадам Филистејците во твои раце." |
| 5. | И Давид отиде со лу ето свои во Кеил, се биеше со Филистејците, го отепа нивниот добиток и им нанесе голем пораз, и Давид ги спаси жителите на Кеил. |
| 6. | Кога Авијатар, Авимелеховиот син, избега при Давида и отиде со него во Кеил, тој беше донел со себеси и ефод. |
| 7. | Му јавија на Саула, дека Давид дошол во Кеил, и Саул рече: "Бог го предаде во рацете мои, зашто тој се затвори, влегувајки во град кој има порти и резиња." |
| 8. | И го свика Саул целиот народ во војна, за да отиде против Кеил, да го опколи Давида и лу ето негови. |
| 9. | Кога Давид дозна, дека Саул намислил лошо против него, му рече на свештеникот Авијатар: "Донеси го ефодот Господов." |
| 10. | Тогаш Давид рече: "Господи, Боже Израилев! Твојот слуга чу, дека Саул сака да дојде во Кеил, и да го уништи градот поради мене. |
| 11. | Kе ме прададат ли Кеилците во рацете нигови? И ке дојде ли тука Саул, како што чу твојот слуга? Господи, Боже Израилев, јави му на слугата свој." И рече Господ: "Kе дојде." |
| 12. | Давид пак праша: "Kе ме предадат ли Кеилците мене и моите лу е во Сауловите раце?" И Господ му рече: "Kе ве предадат." |
| 13. | Тогаш стана Давид и лу ето негови, околу шестотини души, излегоа од Кеил и отидоа, каде што можеа. А на Сула му јавија, дека Давид избегал од Кеил, и тогаш тој го измени походот. |
| 14. | А Давид престојуваше во пустињата во непристапни места и потоа на планината во пустињата Зиф. Саул го бараше секој ден; но Бог не го предаде Давида во рацете негови. |
| 15. | И Давид виде, дека Сул излегол да ја бара душата негова; Давид тогаш беше во пустињата Зиф во гората. |
| 16. | И Сауловиот син Јонатан стана, дојде кај Давида во гората и го поткрепи со надежта на Бога, |
| 17. | и му рече: "Не плаши се, зашто раката на татко ми Саула нема да те најде, и ти ке царуваш над Израилот, јас, пак, ке бидам втор по тебе; и Саул, татко ми, го знае тоа." |
| 18. | Тогаш склучија ме у себе завет пред лицето на Господа; и Давид остана во гората, а Јонатан отиде во домот свој. |
| 19. | И дојдоа Зифејци при Саула во Гива и рекоа: "Ете, Давид се крие при нас по недостапни места, во планината, на ридот Ехелат, десно од Јесимон. |
| 20. | Затоа, ако сака душата твоја, цару, дојди; а наша работа ке биде да го предадеме во рацете на царот." |
| 21. | И рече Саул: "Да ве благослови Господ, што сте ме пожалиле; |
| 22. | одете, уверете се уште, испитајте и разгледајте го местото негово, каде што е ногата негова, и кој го виде таму, бидејки ми велат, оти е многу итар; |
| 23. | разгледајте и испитајте за сите прибежишта, во кои се крие тој, и вратете се кај мене со точно известие; тогаш јас ке отидам со вас; и ако е во таа земја, ке го барам по сите Јудини војводства." |
| 24. | И станаа и отидоа во Зиф пред Саула. А Давид и лу ето негови беа во пустињата Маон, во рамнината, десно од Есимон. |
| 25. | Потоа отиде Саул со своите лу е да го бара. Но му јавија на Давида за тоа, и тој слезе при карпата и остануваше во пустињата Маон. Саул чи и се пушти по Давида во пустињата Маон. |
| 26. | Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со лу ето свои беше од другата страна на планината. И кога Давид брзаше да се оддалечи од Саула, а Саул со лу ето свои одеше да го заобиколи Давида и лу ето негови, за да ги фати, |
| 27. | тогаш дојде при Саула известувач и рече: "Побрзај и дојди, бидејки Филстејците ја нападнаа земјата." |
| 28. | И се врати Саул од гонењето на Давида и отиде против Филистејците; затоа и го нарекоа тоа место: Села - Хамаклекот (камен на разделба). |
| ← 1Samuel (23/31) → |