← 1Samuel (22/31) → |
1. | И Давид отиде оттаму и избега во Адоламската пештера, а кога слушнаа браката негови и сиот татков дом негов, дојдоа таму при него. |
2. | Се собраа при него сите подјармени, сите должници и сите душтевно огорчени, и тој им стана началник; и со него беа околу четиристотини души. |
3. | Оттаму Давид отиде во Масифа Моавска и му рече на моавскиот цар: "Татко ми и мајка ми нака останат при вас, додека разберам што ке направи Бог со мене." |
4. | И ги доведе при моавскиот цар, и тие живееја при него за сето време додека Давид беше во она прибежиште. |
5. | Но пророкот Гад му рече на Давида: "Не останувај во ова прибежиште, туку оди, оди во земјата Јудина." И Давид замина и отиде во гората Херет. |
6. | Саул чу, дека Давид се појавил со лу ето, што беа со него. Саул тогаш седеше во Гива, под дабот на ридот во Рама, со копје во раката, и опколен од сите свои слуги. |
7. | И им рече Саул на слугите свои, што беа околу него: "Чујте, Венијаминови синови! Зар Јесеевиот син ке ви даде на сите вас ниви и лозја и сите вас ке ве постави за иљаданачалници и стотници, |
8. | та сите сте се здоговориле против мене, и никој не ми јави, кога синот ми се спријателил со синот Јесеев, и никој од вас не ме пожали и не ми соопшти, дека син ми го поттикнал против мене мојот слуга да ми кове стапици, како што се гледа сега?" |
9. | Идумеецот Доик, кој стоеше со Сауловите слуги, одговори и рече: "Јас видов, кога Јесеевиот син доа аше во Номва при Авимелеха, синот на Ахитува, |
10. | и тој го праша за него Господа, му даде храна, му го даде и мечот на филистеецот Голијат." |
11. | Тогаш испрати царот да го повикаат свештеникот Авимелех, синот Ахитувов, и целиот татков дом негов, свештениците, што беа во Номва. И сите тие дојдоа при царот. |
12. | Саул рече: "Чух, сине Ахитувов!" Тој одговори: "Еве, ме господару." |
13. | А Саул го запраша: "Зошто сте се договориле против мене, ти и Јесеевиот син, та си дал лебови и меч и си го прашал Бога за него, за да востане против мене и да ми поставува стапици, како што се гледа сега?" |
14. | Авимелех му одговори на царот и рече: "Кој од сите твои робови е толку верен како Давид? Тој е и царев зет, и исполнител на твоите заповеди, и почитуван во домот твој? |
15. | Сега за првпат ли го прашувам Бога за него? Но не обвинувај го во тоа, цару, слугата свој и целиот мој татков дом, зашто во целата таа работа твојот слуга не знае ништо, ниту мало, ниту големо." |
16. | Но царот му рече: "Авимелех, ти треба да умреш, ти и целиот твој татков дом." |
17. | И царот им рече на телохранителите што стоеја при него: "Одете, убијте ги свештениците Господови, зашто и нивната рака е со Давида, и тие знаеја, дека тој избегал, а не ни јавија." Но царските слуги не сакаа да кренат раце, за да ги убијат свештениците Господови. |
18. | Тогаш царот му рече на Доика: "Оди ти и убиј ги свештениците!" И Доик Идумеецот отиде, ги нападна свештениците и во тој ден уби осумдесет и пет мажи, што носеа ленен ефод; |
19. | го порази со меч и Номва, свештеничкиот град; уби со меч мажи и жени, момчиња и девојчиња, волови, осли и овци. |
20. | Се спаси само еден од синовите на Авимелеха, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега при Давида. |
21. | Авијатар му раскажа на Давида, дека Саул ги уби свештениците Господови. |
22. | А Давид му рече на Авијатара: "Јас знаев оној ден, кога таму беше Идумеецот Доик, дека тој бездруго ке му јави на Саула; јас сум виновен за сите души од татковиот дом твој. |
23. | Остани при мене, не плаши се, зашто како што ја бара душата моја, ке ја бара и твојата душа; ти ке бидеш кај мене по заштита." |
← 1Samuel (22/31) → |